Тијана Периќ објави топ песна – имаме нова ѕвезда во Македонија, не изненади сите со жешките сцени
Мошне провокативно видео и моќен глас

Нов спот што остава без здив…
Нашата пејачка Тијана Периќ сериозно и се посвети на својата кариера, па со новиот спот никого не остави рамнодушен.
Таа својата кариера ја збогати со нова песна „Само мој“ која освојува на прво слушање со што Тијана потврди дека е на добар пат да стане една од најпопуларните млади пејачки во Македонија.
Принтскрин/ Јутуб
Таа чекори сигурно и полна со самодоверба кон врвот, а плени и со својот изглед и важи за една од најзгодните млади ѕвезди
Впрочем за тоа зборува и нејзиниот најнов спот во кој Тијана мами воздишки и со своите провокативни изданија.
Принтскрин/ Јутуб
„Полудувам по тебе а тука си горам и се топам од допирот твој паѓам кога и да помислам на нас ти си мој, само мој“, пее Тијана со својот моќен глас, по што следува и мошне провокативниот рефрен:
„Ооо вечерва за нас е ооо чекам ноќ да падне едно да сме ооо времето е наше твоја сум, твоја сум ти си мој, само мој“.
Принтскрин/ Јутуб
Песната освојува уште на прво слушање, а покрај Тијана која сите ги опива со својот моќен глас и изглед, во спотот посебно внимание привлекува и мистериозната убавица од Тајван што исто така се појавува во провокативно издание.
Принтскрин/ Јутуб
„Со најголемата среќа на светов Ви го претставувам овој проект кој што почна само со многу голема љубов, желба и конекција помеѓу две срца а заврши во нешто на кое што сум досега најгорда на себе си и на сите луѓе кои заедно го работевме овој проект. Кога нешто правиме искрено и произлегува директно од срцето без никакви лаги и маски, тоа се чувствува. Верувам и се надевам дека и Вие ќе почувствувате барем ронка од нашата љубов, среќа, задоволство и возбуда што ја имавме постојано низ целиот процес на создавањето на “Само мој” како и сега. Сакам да му се заблагодарам пред сѐ на мојот @ivanjoki ( @musiversestudio ) кој што секоја моја замисла, желба и чувство успеа да ги испише во ноти и да ја создаде најмојата песна досега. ❤️🔥 и потоа на @bili.d ( @artisticfilmproduction , @solutionplus ) и секој еден од нивниот тим, кои што успеаа да направат ремек-дело од нашата замисла и неуморно и несебично се посветија целосно за да ги направиме песната и видео записот да бидат едно цело! ❤️ Прекрасните @studio_delovska и @hairstyler.di кои направија магија со своите раце и без кои мојот изглед немаше да биде она што е! ❤️ Прекрасната @mao_meii која се појавува како модел во спотот и ни донесе некоја посебна димензија со нејзината појава и убава енергија!“, напиша Тијана на Инстаграм.
Спотот кој вчера беше објавен и во кој ќе видите мошне интересни и заводливи сцени од кои најголемо внимание привлекуваат оние на кои Тијана позира во своите провокативни изданија и зрачи со романтика, погледнете го во продолжение: