FashionТрендови

Тигресто од глава до пети и минимализам до максимум – Како ви се допаѓа модата во Солун?

Advertisement

Сончевите зраци ги мамат Македонците, но и останатите туристи од регионот да тркнат до Солун и да го испијат кафето покрај обала. Кејот во Солун се претвора во модна писта посебно за викендите.

Туристи од сите страни, многу Македонци, Срби, но тука се и солунците и останати Грци  кои сакаат да се прошетаат во ова атрактивно туристичко место.

Advertisement

Екипата на Гламур го испи попладневното кафе во Солун и забележавме каква мода има низ градот.

фото:Гламур

Од ултра модерни дами и господа, до стилски облечени луѓе.  Забележавме и елеганција во движење, секако дека има храбри аутфити и смели модни изрази, па ова е голем град и можете да видите се и сешто. Но претежно доминира минимализмот, барем од тоа што видовме пред нашиот објектив.

фото:Гламур

На која страна и да се свртите во Солун ќе го забележите популарниот животински принт кој денеска е насекаде и по излозите и модните списанија.

Advertisement
фото:Гламур

Една девојка ги надмина сите бидејќи се облекла од глава до пети со овој леопардски принт и нас ни ги привлече вниманието.

фото:Гламур

Повозрасната дама со шешир беше како излезена од Vouge

фото:Гламур

Мажите облечени лежарно, но во најнова мода со одлично комбинации

фото:Гламур

Младите девојчиња едноставни во изборот, комотно со ниски обувки, претежно патики, но навистина модерно

фото:Гламур

Цветните фустанчиња со весели тонови актуелни и за ова лето

фото:Гламур

Погледнете ја нашата галерија и ќе не радува ако ви помогнеме и позајмите некоја идеја за вашиот моден изглед

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button