„Тие за мене се мртви!“ Јелена Карлеуша распали на социјалните мрежи, го спомна и нашиот Боки 13
Ова не можеше да го премолчи

Пејачката беше револтирана, се огласи видно вознемирена
Пејачката Јелена Карлеуша повторно распали преку социјалните мрежи, но овој пат не штедеше зборови за никого.
Интересно е тоа што всушност од естрадата на целиот Балкан, всушност таа издвои само две ѕвезди, а меѓу нив и она на Боки 13.
Принтскрин/ Инстаграм. ЈК
Имено, таа се осврна на инцидентот што го имаше неодамна на еден нејзин настап во Србија кога на концертот покрај нејзината публика имаше и протестанти кои ја исвиркаа и предизвикаа хаос.
„И се заблагодарувам на Мира Шкориќ и Боки 13 кои се единствени од пејачите што јавно го осудија нападот и насилството на мојот концерт. Изгледа за останатите колеги е во ред мајмуни да напаѓаат жена што пее. Но нема да биде во ред мојот однос кон нив од сега. За мене се мртви“, порача ЈК на социјалната мрежа „Икс“ по инцидентот.
Принтскрин/ Инстаграм. Бојан Јовановски
Потсетуваме, Јелена Карлеуша деновиве се најде во центарот на вниманието и со потпишувањето на договорот со „Пинк“.
Принтскрин/ Инстаграм. Жељко М.
Оваа вести ги изненади сите, посебно откако во „Пинковите ѕвезди“ преминаа и Драган Стојковиќ Босанац и Вики Миљковиќ.
Претходно со месеци се шушкаше дека токму ЈК би можела да седне на едно од црвените столчиња во шоуто, иако се спомнуваше и името на пејачката Теа Таировиќ, која се прослави во „Ѕвездите на Гранд“.
Принтскрин/ Инстаграм. ЈК
Јелена Каруеша во една пригода дури и ги демантираше овие гласини, но на крај и таа премина во розовото јато на Жељко.
Принтскрин/ Инстаграм, Гранд
Големи промени и во „Гранд“
Од друга страна големо изненадување беше и потпишувањето на договорот на пејачката Дара Бубамара со „Гранд“.
Од оваа есен и таа заедно со Светлана Цеца Ражнатовиќ ќе биде дел од ова шоу, а дојде на местото на Марија Шерифовиќ.
Повеќе за ова прочитајте тука.