Реклама
Интервју

Тие со часови можат да останат вкочанети, и да ги допирате нема ни да трепнат- фантастичната приказна на живите статуи

Постои Гинисов рекорд од 72 часа стоење во место изведено од жива статуа.

Реклама

Дали сте имале прилика да се сретнете со жива статуа? Тоа се вистински луѓе кои стојат вкочанети со часови како скаменети статуи, отттаму и името „жива статуа“.  Оваа улична уметност е многу стара техника за забавување на луѓето.

Македонија го има „Театроск“, уличен театар кој ја воздигнува уметноста транспарентно, најблиску до граѓаните.

Маркетинг

„Театроск настана во 2011 година, сосема случајно кога Војо Цветановски и Дарко Велјиќ решија да го создадат за да може да ја споделуваат овој вид на уметност, буквално седејќи на лулашка, двајцата ја добија идејата и според оваа приказна е создаден и нашиот прв акт „Лулашка“ кој го обиколи светот. Важно е дека Театроск е создаден за да ја подигне свеста за уличната уметност и секако да ја распространиме насекаде низ нашата земја. Особено сме радосни што оваа уметност е прифатена од граѓаните и се повеќе луѓе сакаат да бидат дел од Театроск, но и да работат како живи статуи“, велат оттаму за Гламур.мк.

 

Маркетинг

Моментално „Театроск“ брои над 15 членови.

 

Како се станува жива статуа? Дали може секој да се „претвори“ во жива статуа?

– Секој што сака да стане жива статуа, апсолутно може да проба и да види дали му одговара ваквиот вид на уметност. Секако, прво се поминува работилница, потоа се има пробен настап. Доколку лицето што настапува сака да продолжи да работи како жива статуа и секако ако добро изработи на пробниот настап, тогаш веќе е подготвено да изведува ваква „тивка“ и телесна уметност.

 Како успевате да не се поместите, практично да не трепнете толку долго време.?

Сето ова бара многу вежбање и концентрација. Оној кој изведува акт жива статуа треба да е многу смирен и да го најде најсоодветниот начин како би успеал да не се помести. Сите сме различни, некој се смирува со медитација пред настап, некој со слушање класична музика, друг со фитнес вежби неколку часа пред настап итн.

 

Но најважно е да се биде сосредоточен за време на настапот, да се усогласиме со центарот во себе, да изгледа дека ништо не гледаме, а во суштина се гледаме, затоа што е важно да ги пратиме и реакциите на публиката, и да знаеме кога треба да возвратиме со реакција. Генерално, ова е професија која ја смирува секоја клетка, а после долгогодишно искуство и стоењето по 3 часа во место е едно огромно задоволство и пасија.

Кој е рекордот на статичност? Се води ли ,,трка” постои ли статистика за ова?

– Да. Постои Гинисов рекорд од 72 часа стоење во место изведено од жива статуа и после овој рекорд мислам дека се немаат пријавено други натпреварувачи.

 ,,Театроск” не ретко патува и надвор од државата.Каде сѐ се прошетале вашите статуи?

– Имаме учествувано на фестивали ширум Европа (Хрватска, Словенија, Белгија, Франција, Австрија, Германија, Швајцарија, Унгарија, Холандија…) Речиси во секоја држава сме учествувале на повеќе улични уметнички фестивали. И секој фестивал е посебна и магична приказна. Засекогаш ќе го паметиме денот, кога во 2018 година на Зигет фестивалот во Будимпешта станавме светски прваци. Тука веќе дополнително се потврди дека одлично си ја работиме работата и добивме ветер во грб за уште повеќе настапи, нови идеи и посета на уште многу фестивали.

Колку трансформации имате во можност за прикажување?

-Многу. Зависи од идејата и приказната што сакаме да ја прикажеме. Претставуваме и играме најразлични ситуации, кои се инспирација од секојдневието, односно од она што го гледаме секој ден околу нас. А такви ситуации има премногу за прикажување. Секојдневието е исполнето и со убави и со лоши настани, ги бираме највпечатливите, ги трансформираме во акт како жива статуа, со цел да се извлече најпозитивната поука од нашиот настап.

„Театроск“ овој викенд најавуваат настан „Центарски улици“ каде на 1 и 2 септември со почеток од 19 до 21 и 30 часот ќе ги забавуваат уличните минувачи во центарот на Скопје.

Каков е вашиот план за претставување за викендов? Што ќе им понудите на случајните минувачи?

– Настанот што ќе се одржи викендов е една заокружница на нашата овогодинешна европска турнеја. Ќе бидат прикажани различни живи статуи, од различни секојдневни ситуации. Ќе биде прикажано се она што го гледаме на улица, и она од нејзината друга страна. На 1 и 2 септември од 19 – 21:30ч. на ул. Македонија со неколку актови артистите – улични живи статуи ќе ја разиграат најпрометната центарска пешачка зона и на посетителите на центарот на градот ќе им ја раскажат приказната за ЦЕНТАРСКИТЕ УЛИЦИ и живите статуи на нив.

Дали публиката овде реагира поинаку од публиката надвор?

– Во последниве години, публиката одлично реагира и сосема ја прифати живата статуа како правец во уметноста. Реакциите се исполнети со восхит и пофалби. Нас ова премногу ни значи. Секако прифаќаме и конструктивни критики, и ги имплементираме каде што има потреба. Особено ни се драги прашањата, кога повторно ќе настапуваме во Скопје? Дали ќе ги посетиме и другите градови во Македонија?… Интересот на публиката за нас е показател дека сме успеале на правилен начин да ја пласираме оваа уметност тука кај нас.

Има ли незгодни моменти, можеби, смешни ситуации со мали дечиња… Раскажете ни некое забавно доживување?

– Има секакви ситуации. Улицата нема правила, тоа е единственото „правило“ кога се настапува на улица. Луѓето се љубопитни, сакаат да не допрат, да видат од што сме направени, дали трепкаме, дишеме и сл. Но, фантастично е тоа како децата реагираат и колку се имагинативни. Кога ќе видат дека сме живи, а не вистински статуи, насмевките што ни ги даваат се непроценливи.

Па, како една од поинтересни случки би го издвоила моментот кога еден лик од публика сакаше да ни ја земе капата со парички. Ја зема, и сврте еден круг, па ни ја врати. Беше вџашен, како тоа ние останавме сосема смирени и неизреагиравме на неговиот потег.

* Фотографиите се позајмени од приватната архива на „Театроск“

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button