Тие беа ОМИЛЕНИТЕ БЛИЗНАЧКИ во цела Македонија, но погледнете каква убавица била и нивната мајка
Еве што прават и како изгледаат денес Маријана и Росана и како изгледа жената од која го наследиле шармот

Нивните песни и денес се слушаат
Близначките Маријана и Росана беа познати во цела Југославија, а нивните најголеми хитови и денес се вртат на радиостаниците.
Нивната кариера започна во далечната 1982 година, по што следуваа бројни хитови кои се слушаа насекаде.
Фејсбук
Родени во Куманово, Маријана и Росана преку ноќ станаа најпознатите сестри близначки од Триглав до Гевгелија, а малкумина знаат дека нивната мајка, Гордана Стојановска, била првата мисица на Куманово, уште во 1962 година.
По овој избор следувале бројни понуди на југословенски ниво, но Гордана не сакала да гради кариера како моделка. Години подоцна, нејзините ќерки станаа мошне познати…
Мајката на близначките е во средина (Фејсбук, Кумановски муабети)
Омилените близначки
Па така близначките покрај тоа што освојуваа со своите песни тие пленеа и со својот шарм кој го наследиле од својата мајка.
Маријана веќе со години живее во Австралија, каде често другарува со познатата фолк-пејачка Татијана Лазаревска.
Фејсбук
Од друга страна нејзината сестра близначка Росана Сариќ Тодоровска остана да живее во Македонија.
Таа е во брак со актерот Ѓорѓи Тодоровски- Трупче со кого минатата година прославија 35 години брак. Тие се заедно од 1988 година, а Росана во една пригода за Гламур магазин откри дека и денес најмногу ужива во утринското кафе што ќе го испие со својот сопруг.
Фејсбук
„Ме исполнува квалитетно време поминато со пријатели. Утринското кафе со Трупче. Прошетка со нашето милениче Лејди. Фамилијарните ручеци со моите родители. А најмногу ги сакам деновите што ги поминувам со мојот внук Ноах“, изјави Росана во една пригода во интервју за Гламур магазин.
Фејсбук
Целото интервју со Росана прочитајте го тука.
Принтскрин/ Јутуб
Принтскрин/ Јутуб
Принтскрин/ Јутуб