Реклама
Хороскоп

Тибетски хороскоп: Пронајдете го својот пат кон внатрешен мир и среќа

Реклама

tibet2

Вага

Тие се одлични во создавање хармонија и другите личности уживаат покрај нив. Вагите се однесуваат добро кон останатите, но тоа не секогаш им е вратено со иста мера. Затоа, ако некој ве нервира, вратете му во мала доза, но тоа нека ви биде умешно смислено. Вашиот карактер ќе ве заштити од понатамошни конфликти.

Маркетинг

Скорпија

Скорпиите, како и Раковите, се чувствителни и ги кријат своите чувства во себе. Уживаат во својата приватност и вообичаено не сакаат да бидат опкружени со гласни или непријатни луѓе. Тие може долго време да го паметат злото и да се одмаздуваат. Затоа, бидете отворени ако нешто ви пречи и не дозволувајте другите толку да ви навлезат под кожа.

Маркетинг

Стрелец

Стрелците мора постојано да бидат во движење, доколку сакаат да пронајдат мир. Тие не сакаат другите да им зборуваат што треба да прават и чувствуваат стрес кога мораат да ги следат правилата кои ги одредуваат другите. Тие се многу нестрпливи, импулсивни и не сакаат ситуации во кои мораат да се однесуваат „правилно“ или пак по нечии туѓи стандарди. Вие морате често да бидете надвор и во движење, со цел да не се чувствувате ограничено.

За овој хороскопски знак најголем пораз во животот е животот без љубов>>>
Јарец

Сакаат да им кажуваат на другите што да прават и честопати им се мешаат во нивниот живот. Исто како и Лавовите, така и Јарците мора да бидат под контрола. Меѓутоа, животот не се одвива секогаш по планираното и треба да запаметите дека понекогаш треба и да се опуштите. Не сфаќајте ја работата премногу сериозно, туку дозволете си малку и да се забавувате.

Водолија

Полни се со возбудувања и секогаш покажуваат дека уживаат во што и да прават. Меѓутоа, овие личности понекогаш се и емотивно нестабилни, не сакаат кога некој ќе им каже дека не се во право и не им дозволуваат на емоциите да им го попречат патот. Запаметете дека не е сѐ онака како што вие си имате замислено, па подобро е да оставите работите да се развиваат сами по себе.

Риби

Чувството дека се прикажуваат пред другите им предизвикува стрес и чувствуваат негативна енергија кога некој им го нарушува мирот. Сакаат тивка атмосфера и срамежливи се пред другите луѓе. Треба да одвоите повеќе време за себе и да научите како да се заштитите од негативната енергија.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2

Поврзано

Back to top button