Реклама
MAMAКафе муабет

Ти верував и ти го дадов најдоброто од себе, но тебе и тоа не ти беше доволно…

Реклама

Ти верував и секогаш се трудев да бидам најдобрата верзија од себе. Секогаш твоите приоритети беа и мои, твоите грижи ги преземав и јас, твојот товар го носев и на моите плеќи, за да ни биде полесно и на двајцата, зашто така тагата полесно се поднесува.

Сакав да бидам она што секогаш ти треба – добар пријател, романтичен љубовник, одличен животен сопатник. Секојдневието го минував анализирајќи го животот, обидувајќи се да сфатам што е она што утре ќе ни донесе поголема среќа. Ја замислував нашата светла иднина, како еден пат кој нема крај, кој нема раскрсница, туку само убави пејзажи по кои чекореме јас и ти и нашата љубов.

Маркетинг

Сакав да знаеш дека ми значиш, дека те сакам и дека нашата љубов ми е поважна од сѐ. Сакав да сфатиш дека ти си едно од најубавите нешта кои ми се случиле и дека сакам вечно покрај тебе да ги отворам и да ги затворам очите. Сакав да бидеме едно цело, нешто што ниту најсилната бура не ќе може да го сруши.

Но сето тоа остана врежано само во мојата меморија. Остана како филм кој никогаш не дочека да биде реализиран. Сето мое вложување и сите мои напори не вродија плод. Не успеав да го соберам она што го сеев и одгледував со години. Не ти беше доволно тоа што жртвував сѐ за тебе, што ти верував и што се трудев да бидам најдобрата верзија од себе.

Маркетинг

Сега изминаа години, а нам патиштата нѐ водат на сосема различни страни, некаде каде што секој ќе успее да го живее својот филм. Ти твојот, а јас нашиот, никогаш комплетен.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button