Кога те запознав, мислев дека љубовта може да победи сѐ.
Кога те запознав, мислев дека љубовта може да победи сѐ. Мислев дека ако навистина некого сакам и се трудам толку силно, љубовта ќе ми биде возвратена. Дека можеби работите ќе тргнат во подобра насока. Мислев дека ако го дадам најдоброто од себе, тоа е ми се врати. Мислев дека ќе ти се допаѓа тоа што ќе ја чувствуваш мојата љубов, па така ќе останеме заедно. Мислев дека тоа ќе биде доволно.
Те засакав во оние моменти кога беше добар кон мене.
Си замислував во што може да се претвориш, имајќи ја мојата љубов. Но ти го игнорираше секој мој повик, па ме бараше во три часот наутро. Ти ме држеше во своја близина, но не и доволно блиску, за да бидам твоја. Ти секогаш ме сокриваше, како да сум некоја светска тајна. Ти мораше да ме контролираш, затоа што не можеше да контролираш некои работи кои ти се случуваа в животот. Но јас сепак гледав нешто добро во тебе. Сеќ уште верував, дури и тогаш кога ме лажеше. Никогаш не се спуштав на твое ниво, наместо тоа, мислев дека ќе биде доволно да продолжам да ти верувам и да те сакам. Затоа што без оглед на тоа колкава болка ми нанесе, не престанав да верувам дека љубовта може да те промени.
Она што не го сфатив е дека не сум за тебе. Сфатив дека љубовта кон тебе ќе ме уништи. Ти зема дел од мене за да се чувствуваш подобро, а мене ме остави скршена. Ти беше најдобрата и најлошата работа која ми се случила. Ти ме научи што не треба да правам за некого. Ми покажа дека љубовта не е толку магична како што е прикажано во филмовите. Таа е избор на две личности. Ти ме научи дека не треба да се жртвувам за другите. Ме научи да се сакам и да се грижам за себе. Ти благодарам за сето тоа.
Можеби ти звучи чудно што се заблагодарувам на толку лоша врска, но си заминувам од тебе со сознание дека дадов сѐ од себе. Заминувам знаејќи дека сите не заслужуваат ваква љубов. Заминувам верувајќи дека еден ден ќе ми се врати токму таква љубов какво што јас ти пружив тебе.