Реклама
Култура[тор]

Нов спот кој совршено ја прикажува реалноста во Америка

Реклама

Песната и новиот спот на Чајлдиш Гамбино иако е критика на американското општество, односно против насилството и расизмот,  дефинитивно одлично ќе се вклопи и во нашето секојдневие. Спотот почнува потполно опуштено, па дури и наивно, со интересен танц, за да во истиот момент ве шокира со куршумот испукан во главата на човекот што е врзан, со покриена глава, и седи на столчето.

Спотот и песната претставува остра критика на американското општество денес, на расизмот, насилството, злоупотребата на оружје и дискриминацијата. Опфаќајќи ги овие теми Чајлдиш Гамбино испраќа силна порака која сигурно ќе допре и до оние кои досега никогаш не слушнале за него, а тоа го кажуваат и бројките на Јутјуб. Имено, „This is America“ е спот кој е прегледан преку 15 милион пати за само два дена и со тоа важи за еден од најзначајните спотови и музички перформанси за оваа година, но и еден од подобрите што сме ги виделе што ни доаѓаат од земјата на бизоните.

Маркетинг

 

Маркетинг

Критиката не се однесува само за Америка, бидејќи ако го земеме во предвид и целиот свет, со сите лудости што секојдневно ни се случуваат, дефинитивно секој жител на оваа зае*ана планета би можел да се пронајдеме во кадрите и да се запраша каде пловиме. Кадрите се поприлично шокантни, но истовремено создаваат и чувство на восхит, а тоа е одличен знак дека пред нас е една нова генерација уметници-револуционери кои ни велат да НЕ ги затвораме очите, туку да се разбудиме, да го дигнеме гласот и да се побуниме.

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button