Филмот The Hunger Games, базиран на бестселер романот на Suzanne Collins и во кој настапуваат Jennifer Lawrence, Liam Hemsworth и Josh Hutcherson ’собра‘ неверојатни 155 милиони долари во премиерниов викенд. Овие бројки го поставуваат филмот на трето место на листата на филмови со најголема заработка во првиот викенд од прикажувањето, во историјата…
Комедијата “21 Jump Street” со Channing Tatum и Jonah Hill се најде на второто место со заработка од 21.3 милиони, додека третото место го зазеде “Dr. Seuss’ The Lorax” во која гласовите ги позајмуваат Taylor Swift и Zac Efron. Оваа анимација донесе заработка од 13.1 милион.
Што се однесува до апсолутниот шампион од оваа недела “The Hunger Games”, станува збор за SF филм, во кој дејствието се случува во пост апокалиптичен свет и ни е прикажано преку визурата на 16 годишната Katniss Everdeen. Во земја со име Panem, која се наоѓа на местото каде што некогаш постоела Северна Америка се наоѓа градот Capitol, високо развиениот метрополис, кој ја држи моќта над остатокот од нацијата. The Hunger Games се годишен настан, во кој едно дете од 12 години и девојка на 18 се избрани да учествуваат на телевизиски натпревар, со останатите учесници од другите области на градот и каде што само еден на крајот преживува.
Ви звучи малку познато? Нели имаше таков филм пред 20-тина години со Шварци? Нема врска, погледнете го трејлерот:
{youtube}RNxb28j5C1w{/youtube}
Врати се на првата страна.