The Glitch Mob е тричлен елетронски бенд од Лос Анџелес, составен од Ed Ma (edIT0, Justin Boreta (Boreta) и Josh Mayer (Ooah).
Оригиналниот петочлен состав на бендот, вклучувајќи ги Kraddy и Kitty-D, е формиран 2006 г. во периодот на разивањето на beat сцената, во која доминираше бас звукот.
Тие се прославија настапувајќи во живо со лаптопи и MIDI контролери како Lemur Input Device, главно во Лос Анџелес и Сан Франциско, а го проширија својот круг на фанови со турнеи почнувајќи од West Coast-от, па ширум светот. Нивниот дебитантски албум “Drink The Sea”, се најде на 57-то место на CMJ Top 200 Chart for College Radio. Нивниот сингл “Drive it Like You Stole It” пак го достигна 2-то место на листата на топ превземања на XLR8R за 2010 г.
Оваа тема која ја одбравме за вас, е дел од “We Can Make the World Stop” (EP, 2011). Прекрасните виолини, добриот бит и бас саунд ја прават оваа трака навистина посебна. Навистина добар бенд, нешто добро од Л.А…
{youtube}cufOt5egedI{/youtube}
Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!
Врати се на првата страна.