Наградуваниот травел блог „Discoverer“ кои брои околу 4.5 милиони читатели направи на листата од пет светски познати дестинации кои треба да ги избегнувате.
Па така во листата се најдоа Барселона (Шпанија), Maya Bay (Тајланд), архипелагот Галапагос (Еквадор), Мачу Пикчу (Перу) и Дубровник (Хрватска). Но, листата предложува со предлог за алтернативи, па така за Дубровник наведен е, ни помалку ни повеќе, Охрид.
Толпите што ги преплавуваат тесните улици и премини на историскиот стар град на Дубровник нема да придонесат за квалитетно туристичко искуство, пишува блогот за Дубровник. Зголемената популарност на градот поради главната улога во неверојатно популарната серија Game of Thrones, и добивате проблем од џиновски пропорции. Властите се принудени да делуваат, ограничувајќи го бројот на луѓе кои смеат да пропешачат по кревките бедеми – на 4.000 дневно, пишува во анализата Discoverer.
Па така наместо туристичките атракции на Дубровник, вкусете го прекрасниот град Охрид во блиската Македонија. Има шарм во изобилство, од своите ресторани крај брегот, па до античките цркви и манастири кои се чини ги има на секое улично ќоше. Поставен на најстарото езеро во Европа, градот има
богата историја што ќе ве воодушеви, особено кога уживате без да се пробивате низ гужвите.