Реклама
FashionСтил

Тетовчанецот Златко ја дотера кралицата на латино попот – Росалинда блесна посветкаво од елката пред Рокфелер центар

Реклама

Името на македонскиот моден дизајнер, тетовчанецот Златко Јовановски, односно Џеј Зи Џеј, се почесто одекнува во јавност, а неговите креации ги носат ѕвезди од светки ранг. Овојпат тој се погрижи за секси изгледот на кралицата на латино-попот Талиа, позната и како Росалинда од истоимената мексиканска серија.

 

View this post on Instagram

 

Маркетинг

A post shared by Zlatko Jovanovski (@jzj_zlatko_)

Маркетинг
„Талиа на нејзиниот божиќен настап пред Рокфелер центар во Њујорк ја носеше и оваа црвена наметка од мојот бренд JZJ by Zlatko Jovanovski. Прекрасно е кога ги гледам моите креации на светски ѕвезди“, се пофали Златко на социјалните мрежи нагласувајќи дека костимот што го носеше Талиа повеќе блескал од елката.
Креацијата е изработена од кристалчиња во неколку нијанси – сребрени, бели и смарагдно-зелени, со предимензионирана црвена панделка на задниот дел. Изгледот е заокружен со високи чизми во сребрена нијанса.
Инаку, кралот на светките, како што се нарекува самиот Златко, есенва ја претстави својата колекција во Париз на познатата Модна недела.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button