Девојки, дознајте каков маж имате покрај себе…..
Во децилитар крв на просечен homo sapiens маж има помеѓу 270 и 1 000 нанограми тестостерон. Нивото му опаѓа или расте, во зависност од тоа дали дома требе ориз или гледа како жени се борат во кал….
Инаку, хормонот тестостерон го има и кај мажите и кај жените (но кај нив мнооогу помалку) и се добива уште додека сме зачетоци во мајчината утроба. Меѓу другото од него зависи каков ќе биде и полот на бебето кое треба да се роди. Ако го има повеќе во сите фази на настанувањето, од моментот на ејакулација па се до излегување од удобноста на матката, репродуктивните органи ќе излезат надвор од утробата и ќе се оформат муда и пенис, во спротивно….После тоа, кај мажите овој хормон има круцијално значење за формирањето на нивната личност. Уште од моментот кога во градинка си играат доктори, па се до оние сцени кога сестрата им ја прикачува инфузијата и го вклучува во штек апаратот кој ги одржува во живот во старечкиот дом.
Унаку моменталната количина лесно се открива со крвен тест. Но како што е познато, правите мажи никогаш не даваат крв – освен за повисоки цели – точниот резултат може да го откријат со темелна самоанализа по читањето на вакви текстови….
Количината на тестостерон почнува да паѓа веќе во средните дваесетти години – во просек паѓа по 1% годишно. Првите знаци на губење на тестостерон се ниско либидо, раздразливост, болки во мускулите и коските, пореметена ерекција, желба за гледање турски серии и сл.
Тестостеронот ги прави мажите посреќни, па оние со недостаток се склони кон депресија, но затоа пак мажите со зголемено ниво се значително поглупави (обратете внимание на некои мачо примери од реалните шоуа и сé ќе ви биде јасно). Но има и други симптоми кои се среќаваат кај посложените примероци на посилниот пол. На пример, докажан факт е дека мажите со поголемо количество на дотичниов хормон сакаат да пијат, пушат, лесно запаѓаат во кавги, конфликти и тепачки и полесно се повредуваат. Редовното консумирање на месо ја зголемува количината на тестостерон. Па нормално, не ловеле нашите предци за џабе мамути пред да имаат секс! Да јаделе само моркови, се уште би биле во неолитот.
Верувале или не, нивото на тестостерон кај женетите мажјаци опаѓа. Стручњаците велат дека тоа е така затоа што оженетите веќе не одат во освојувачки походи, па така нивниот организам проценува дека нема потреба да го лачи повеќе овој свет хормон, освен онолку колку што е неопходно за функционирање. Паралелно на ова, количината на тестостерон кај разведените мажи почнува рапидно да расте!
После утакмица, кај играчите во победничкиот тим нивото на тестостерон се качува, а кај губитниците паѓа ко во амбис. (Замислете како се осеќале нашите кошаркари после идиотскиот пораз од Русија, посебно Д. Стојановски – кутриот сигурно се уште нема добиено ерекција после промашувањето на оној зицер). Но тоа им се случува и на навивачите (колку девојки чии дечковци ја гледале дотичната утакмица биле легнати?!?), ако резултатот е нерешен, тогаш сите заедно одат на пиво. А кога мажјакот ќе се напие, полесно му се дига бидејќи целиот тестостерон му оди во мудата. Па затоа девојки и очајни домаќинки: зелка, краставичка, домаќа и на неопходна терапија!