Рецепти

Тесто готово за 10 минути- поубаво и повкусно не сте пробале!

Advertisement

На мирисот на тесто што се пече во кујната тешко кој може да одолее. Но, многу домаќинки го избегнуваат тестото бидејќи немаат многу време или волја да се занимаваат со него.

Advertisement

Токму затоа ви даваме брз и едноставен рецепт за тесто кое се подготвува за само десет минути и со кое можете да правите прекрасни пецива. Тестото едноставно ќе ги воодушеви сите, и почетниците и напредните домаќинки и домаќини – меко е, не се лепи за рацете, убаво се меси и не се распаѓа.

Потребни состојки:

– четири шолји од по 2 дл. брашно
– две лажици шеќер
– половина лажица сол
– две лажици сончогледово масло
– 500 мл. млеко
– едно ќесенце сув квасец, 11 грама

Advertisement

Смешајте ги сите состојки убаво за да добиете хомогена смеса. Така подготвената смеса се става во ќеса и се остава во фрижидер два часа. Потоа извадете го тестото од фрижидерот и валајте го во малку брашно. Потоа од него можете да правите пирошки, лепчиња или кифлички, по ваша желба. Можете да ги пржите на врело масло или да ги печете во тава убаво намачкана со масло.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button