Рецепти

Фит идеја за ручек: Тестенини со пилешко

Реклама
Реклама

Со овој рецепт можете да внесете промени во вашето мени, а доколку вежбате, ваквиот оброк е идеален за пред напорен тренинг, бидејќи ќе ви обезбеди доволно сила и за најиздржливите вежби.

 
Овој типичен медитерански ручек збогатен со протеини е многу вкусен, а истовремено обезбедува енергија која ќе ви помогне многу полесно да ги завршите сите ваши секојдневни обврски. Доколку редовно вежбате, ќе имате сила да ги направите и најтешките вежби.

Маркетинг

Состојки:
 
– 110 гр. интегрални тестенини
– 285 гр. пилешки гради, сварени и исечени
– 85 гр. брокула, свежа или замрзната
– 240 гр. домати (најдобро пелати)
– 1 лажичка лук во прав
– 1 лажичка босилек
– 1 лажичка оригано
 
Подготовка:
 

Во длабок сад ставете вода да зоврие па додадете ги тестенините и варете десетина минути, односно според упатството на пакувањето.

Во длабока тава ставете шолја вода, вареното исечено пилешко и брокулата, поклопете го садот и динстајте околу 5 минути на средна температура. Потоа додадете ги исечканите домати и зачините. Намалете ја температурата и оставете да севари десетина минути. Вака добиениот сос измешајте го со тестенините и послужете. По желба, можете да изрендате кашкавал одозгора.

Маркетинг

Хранлива вредност:

Калории: 820
Јаглехидрати: 98 g
Протеини: 72 g
Масти: 12 g
 
Извор: Building-body Foto: Shutterstock

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button