Решете го овој едноставен тест и откријте дали сте подготвени за брак
Дали децата и семејството се последното нешто за што размислувате, или сепак се на вашата приоритетна листа?
Дали децата и семејството се последното нешто за што размислувате, или сепак се на вашата приоритетна листа? Решете го овој забавен тест и дознајте дали сте подготвени за брак или не.
1. Телевизиските сапуници:
А) Никогаш не ги пропуштам
Б) Ги гледа баба ми, а јас погледнувам само ако сум блиску до телевизорот
В) Воопшто не ме привлекуваат
2. Интернет страниците наменети за барање брачен партнер:
А) Ги обожавам
Б) Често погледнувам што има ново
В) Интернетот има предности и недостатоци, а ова е секако недостаток
3. Фотографиите со венчавки и бебиња кај вас предизвикуваат:
А) И вие сакате да се најдете во таква ситуација
Б) Сметате дека ви се приближува времето
В) Не ви се воопшто занимливи
4. Кога роднините ви зборуваат за венчавка, вие:
А) Се вцрвенувате
Б) Се вознемирувате
В) Само се насмевнувате
5. Според вас, кој е најдобар начин да се ослободите од партнер кој ве тера на брак?
А) Ако е перспективен, ќе продолжите со него
Б) Ќе му кажете дека сте заљубени во друг
В) Ќе избегате без објаснувања
6. Според вас, кога е идеално време за брак?
А) Што побрзо, толку подобро
Б) Помеѓу 20 и 30 години и тоа само со љубовта на својот живот
В) Не верувате во бракот, но ако веќе мора, ќе го направите тоа кога ќе бидете доволно зрели
7. Во популарната серија „Пријатели“, најмногу ви се допаѓаше:
А) Моника и Рос
Б) Рејчел
В) Џо
Решенијата побарајте ги на следната страна >>