Реклама
MAMAКафе муабет

Тешко на оние кои со туѓата болка ја градат својата среќа…

Реклама

Во животот постојат различни видови луѓе. Некои од нив сакаат да се променат, а други не се ни потрудуваат.

ФОТО: unsplash.com

Помеѓу сите видови луѓе кои постојат, постои еден најлош, најбеден. Тоа се оние луѓе кои никогаш не се радуваат на туѓата среќа и туѓите заслуги, туку за самите да бидат среќни, мора да ги понижуваат другите, затоа што само така мислат дека може да се воздигнат.

Тие се кутри луѓе кои никогаш нема да ја пронајдат својата вистинска среќа. Тие се премногу мали за да ги понижуваат другите кои се над нив. Зар навистина живеат во заблуда дека себеси ќе се воздигнат, ако повредат или понижат некого? Овие личности не се ни свесни колку грешат. Тие со своите постапки покажуваат дека всушност не вредат ништо. Така тие ја покажуваат само својата слабост, немоќ и злоба.

Маркетинг

Ваквите личности не се во можност да уживаат во сопствените доживувања, затоа што ништо корисно немаат направено во животот. Тие мислат дека ќе се искачат едно скалило погоре само ако прегазат некој. Тоа не им доликува на достоинствените.

Зар луѓето повеќе немаат почитување и сочувствување? Зар сето тоа почнуваме да го губиме? Што ли им се врти во главата на личностите кои не гледаат кој повредуваат, туку важно им е да испаднат големи?

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button