NEWSВести

Тешка сообраќајка, две лица загинаа, над 30 повредени – Автомобилот удрил во срна, па во автобус

Advertisement

Две лица загинаа, а 31 се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа на автопатот А3 во Хрватска.

До несереќата дошло откако срна излетала на патот и автомобил удрил во животното, возачот изгубил контрола врз воланот и потоа удрил и во авобус со ознаки на БиХ кој се превртел, извести за хрватските медиуми командантот на противпожарната станица во Сисачко-Мославинската жупанија, Мирослав Голуб.

Advertisement

– Автомобилот удри во срна која скокна на патот. Не е познато дали ја пробила оградата или само ја пресекол. Возачот очигледно не можел да го застане автомобилот, а потоа излегол на автопатот и им мавнал на другите возачи да забават и да застанат. Автобусот што доаѓаше од спротивната насока не можеше да застане и се удри во автомобилот на патот . Ја проби заштитната ограда и заврши во спротивната лента- рече  Голуб.

Полицијата соопшти дека несреќата во која бил вклучен автобус со босански национални ознаки се случила помеѓу 82-ри и 83-ти километар од јужната и северната страна на автопатот и дека сообраќајот е прекинат и се пренасочува по државни, окружни и локални патишта.

– Тешка сообраќајна несреќа се случила околу 03:10 часот. Според првичните информации, две лица се починати, додека неколку други се повредени и префрлени во блиските болници – изјави за HRT Маја Филиповиќ , службеник за односи со јавноста во полициската управа Сисак-Мославина.

Во тек е полициска истрага за утврдување на сите околности на трагедијата, на која се наоѓаат сите служби за итни случаи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button