Доколку комбинирате темен и светол модел на џинс ќе добите сосема интересни комбинации кои оваа година се во мода.
Џинсот својот камбек го најави уште во претходната сезона кога тексасните кошули, фустани и исцели фармерки со трегери беа задолжителни за многу познати светски трендсетерки (сетете се само на прошетките во џинс од глава до пети на Алесандра Амбросио и Миранда Кер). И ако порано комбинациите од глава до пети во џинс беа незамисливи, тие се апсолутен хит за оваа сезона, па така доколку имате светли фармерки обидете се да ги комбинирате со некоја потемна кошула, или пак ако имате темна кошула, набавете си светли фармерки и ќе добиете модерна урбана и откачена комбинација.
Светли фармерки има многу повеќе од темни, но треба да внимавате какви ќе одберете, бидејќи моделот треба да одговара на вашето тело. Од друга страна, доколку сакате да ја издолжите линијата и полесно да ги комбинирате со остатокот од облеката, тогаш одберете фармерки во потемна и нема да погрешите.
отвори галерија » |
Погледнете некои од моделите што можат да се најдат и во нашите продавници, а чии цени се движат од 1290 до 3290 денари.