Темелков по скандалот со Вики со нови среќни вести за фановите – еве како сега сите ги изненади
Пејачот сподели ново видео

Познатиот пејач деновиве сподели ново видео
Некогашната македонска Гранд ѕвезда, Александар Темелков, со ново видео ги израдува своите верни обожаватели.
Имено, тој со задоволство го претстави својот нов Македонски фолк-микс, снимен заедно со „Сенатра Бенд“.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Видеото е направено во соработка со ИН продукција, а покрај Темелков во проектот учествуваат и Дејан Илијев на кларинет, Александар Јованов на клавијатура и Јани Малчев на Саксофон.
Потсетуваме, Темелков се прослави во „Ѕвездите на Гранд“, а по учеството во шоуто продолжи успешно да ја гради својата кариера.
Но Темелков неодамна се најде и во непријатна ситуација кога во една емисија го изнесе своето искуство во врска со шоуто.
Тој тогаш изјави дека од страна на неговата менторка му било побарано мито, по што следуваше реакција и од нејзина страна.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Пејачот на крај и се извини на пејачката, која истото го прифати, а повеќе за ова прочитајте тука.