„Телото знае како да умре“ – медицинска сестра открива две вознемирувачки работи што се случуваат пред смртта
„Го поминав ова со мојот сопруг. Посакувам некој да ме подготвеше за тоа“.

Смртта е природен дел од животот, но многумина не знаат што навистина се случува во последните мигови.
Џули Мекфаден, медицинска сестра од Лос Анџелес со повеќе од 15 години искуство во интензивна нега, споделува две неочекувани промени во дишењето на пациентите што најмногу ги вознемируваат нивните семејства.
Прво: Чејн-Стоуксово дишење – кога здивот станува непредвидлив
Една од најчудните и најшокантните појави што ги забележала кај пациентите во последните моменти е т.н. Чејн-Стоуксово дишење.
„Тоа е комбинација на брзо, плитко дишење проследено со долга пауза. Понекогаш изгледа како лицето да престанало да дише, па повторно почнува,“ објаснува Џули.
Оваа појава настанува бидејќи мозокот повеќе не може правилно да ги регулира нивото на јаглерод диоксид и кислород во крвта.
Иако за набљудувачите ова може да изгледа страшно, таа нагласува дека пациентите не чувствуваат болка.
„Ова не им создава чувство на задушување. Телото е опуштено, нема грчење, нема паника. Телото знае како да умре и има вграден механизам кој го води низ процесот.“
View this post on Instagram
Второ: „Смртното кркотење“ – звук што го плаши семејството, но не и пациентот
Втората појава што честопати ги шокира блиските е „смртното кркотење“ – влажно, гаргаресто дишење кое се слуша кога пациентот веќе е во несвест.
„Тоа е звук што многумина го опишуваат како најстрашниот што го слушнале. Но, вистината е дека пациентот не страда. Тој звук се јавува затоа што телото повеќе не може да ја голта плунката, па воздухот што минува низ течноста во устата создава ‘рчење,“ вели Џули.
За семејствата што се сведоци на овој процес, тоа може да биде вознемирувачко, но Џули нагласува:
„Важно е да знаеме дека пациентот не чувствува болка, бидејќи во тие моменти веќе е несвесен.“
Зошто ова знаење е важно?
Многу луѓе што биле сведоци на смртта на своите најблиски споделиле дека би сакале да знаат за овие појави однапред.
„Го поминав ова со мојот сопруг. Посакувам некој да ме имаше подготвено на тоа,“ коментира една жена на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Друг корисник додава:
„Ја видов оваа сцена со мојот брат. Сега, откако го гледам ова видео, подобро го разбирам моментот во кој го изгубив.“
Иако овие појави се природен дел од процесот на умирање, постојат начини на кои медицинските лица можат да ги направат пациентите посмирени.
„Ако пациентот изгледа како да се мачи – ако дише премногу тешко, пребрзо или изгледа немирно – можеме да дадеме лекови за да му помогнеме. Но, важно е да разбереме дека овие работи се очекувани и не значат дека некој страда,“ вели Џули.
View this post on Instagram
Смртта како дел од животот
Џули Мекфаден активно споделува информации за смртта на социјалните мрежи со цел да го надминеме стравот и подобро да се запознаеме со овој процес.
„Колку повеќе знаеме за смртта, толку помалку стравуваме од неа. На крајот, телото знае како да умре – ние само треба да му дозволиме“, објаснува таа.