Доколку се уште не сте пробале телефонски секс, стручните лица ве советуваат дека е крајно време тоа да го направите.
Тој е безбеден (се надеваме дека не ве прислушкуваат), не боли (овен ако не употребувате чуден „софтвер“ на телефонот) и што е најдобро, доколку не ви се допаѓа, во секој момент можете da исклучите и да кажете дека сте снемале батерија!
Секс преку телефон е одличен за оние врски во кои што партнерите живеат на раздалечени места, врски кои кај нас се познати и како „љубов преку жица“ (па нашите родители немале skupe, webcam и wifi, но имале телефон и жица!). Поголемиот дел од машката популација би сакал да се пушти во една ваква авантура, па доколку му кажете какви гаќички носите и дека сте расположена за „буги-вуги“, тие многу брзо ќе бидат со уште една крената слушалка…
Според магазинот Космополитан преку 80 проценти од мажите го сакаат сексот преку телефон. Тој е идеален за посрамежливите парови, бидејќи на овој начин многу полесно можете да ја соопштоте вашата сексуална фантазија на некој друг. (Никогаш не започнувајте го муабетот со Мило, многу сум запалена, додека не проверите со кого разговарате!).
Секако дека разговорот можете да го започнете со нешто едноставно, кое ќе алудира на тоа дека е време за интересни и валкани нешта. Прашајте го што носи на себе, во што е облечен, а потоа опишете му вие во што сте облечена, почнете да дишете малку поинтересно и почнете да му зборувате за тоа што би сакале да правите во моментот…
Овие разговори се идеални да му ги опишете сите оние нешта што ви причинуваат задоволство, но и да дознаете што е она што најмногу го возбудува во креветот вашиот партнер.
Се е во деталите, како и обично!
Во оваа игра, најважни се деталите. Треба што подобро да му го опишете секој момент кој ви доаѓа во главата и пред се да се задржите на сликовито преставување. Тоа најмногу се однесува на моментот кога му објаснувате како изгледате, како изгледа некој дел од вашето тело, каде сакате тој да ве допира, каде би сакале да го допирате..
Предупредување:
Направете го ова само со пријателите во вашиот круг, доколку не сакате да се изненадите од преголема сметка!
Извор: 24 стара.хр, Tелеграф.рс, Штипка