Текст за сите жени: Вака лошите мажи може да си играат со вас, а вие да не го забележувате тоа
Тенка е линијата помеѓу партнерот кој кон вас се однесува заштитнички и оној кој е доминантен и се обидува да преземе контрола врз вашиот живот.
Иако жените умеат да бидат посесивни, сепак, доколку почувствуваат дека им е загрозен љубовниот живот, мажите може да станат насилни. Проблемите вообичаено започнуваат со нежни опомени, а после одредено време се претвораат во контрола, при што партнерот може да стане насилен. На пример, мажот може да открие кои се вашите болни точки, па, кога ќе „ве фати“ во момент на слабост, тогаш да се постави како најдобрата личност на светот и да ве увери дека сите други се против вас, а тој е вашата единствена заштита. Важно ќе му биде да ве изолира од другите и целосно да се потпрете на него. Често знае да ги навредува и членовите на вашето семејство и пријателите, со цел да ве оддалечи од нив.
Кога ќе сфатите дека всушност тој е негативниот, тогаш најверојатно ќе биде доцна. Меѓутоа, постоајт неколку знаци кои ве предупредуваат дека покрај вас имате таква личност. Првиот и најсомнителен знак е тоа дека тој постојано ќе се врти околу вас, ќе ги прислушкува разговорите и ќе бара објаснување од вас за тоа со кого сте зборувале. Сомнително ќе биде и ако постојано набљудува како се однесувате во друштво, па да ве обвинува дека флертувате со секој кој се насмеал на вашата шега. Постојано ќе ви дофрла нешто, дури и кога ќе застанете да разговарате со пријателот од детството.
Исто така мажот кој ќе се обидува да манипулира со вас ќе настојува да ве направи емоционално слаби, па ќе попуштите и ќе почнете да се оддалечувате од вашите најблиски пријатели, со цел да не го вознемирувате. Но, не дозволувајте го тоа, затоа што така ќе го добие токму она за што се бори: Целосна контрола врз вашиот живот! Не е нормално партнерот да очекува целиот ваш живот да се врти околу него, особено ако сака цело време да му бидете на располагање, да разговарате кога тој е расположен, дури и ако сте со своите пријатели.
Знаци по кои може да препознаете дека вашиот партнер манипулира со вас:
Колку ви е полошо, толку нему му е подобро
Можеби од почетокот тоа нема да го сфатите, но тој најдобро се чувствува тогаш кога вие се чувствувате лошо, а целата поддршка и утеха ја гледате САМО во него.
Или сте со него, или сте виновни
Можеби тоа нема да ви го каже со зборови, но ќе ви го покаже со дела. На пример, доколку сакате да поминете одредено време со вашите пријатели, тој ќе направи да се чувствувате лошо така што ќе ви каже дека го игнорирате. Колку повеќе ќе се трудите да се изборите за свој простор, тој толку повеќе ќе се обидува да ве зароби.
Емоционална манипулација
Ако вашиот партнер е некој покрај кој се чувствувате лошо, се плашите нешто да го прашате или да му кажете, а не ни помислувате да му се спротиставите, тогаш најверојатно се работи за емоционална злоупотреба. Таквиот човек само ќе ви ја уништи самодовербата.