Овие фустани се враќаат на голема врата
Тексасот како безврeменска модна ткаенина е предмет на обожување од сезона во сезона. Покрај актуелните модели на фармерки, здолништа и тексас јакни оваа сезона мошне посакувани се и фустаните од овој материјал.
Пред некое време можевме да ја видиме Бела Хадид како меѓу првите ја проба магијата на овие фустани одлучувајќи се за неодоливиот модел од модната куќа на Диор. Тоа беше доволно модните критичари да го прогласат ова парче за еден од клучните трендови за оваа пролет, но не треба да заборавиме дека интересни варијанти (особено кратки модели и со копчиња) познатите девојки носеа и во текот на минатото лето.
Овие фустани ќе бидат еден од водечките трендови за 2017 >>
Овие фустаните преку ден можеме да го носиме со опуштени рамни обувки како што се балетанки и мокасинки, додека навечер, со додавање на женствени модни додатоци и сандали со високи потпетици многу лесно ќе добиеме опасна пролетна комбинација.
Еве што имаат заедничко Северина и манекенката Бела Хадид >>
види повеќе » |