Реклама
Нега и здравје

Техниката на Кристина Агилера со која што изгуби 20 килограми

Реклама

Популрната пејачка ја откри тајната како успешно се реши од прекумерните килограми и како ја поврати нејзината секси фигура.

Пејачката Кристина Агилера преку 20 килограми симна со помош на техниката Реики, јапонска метода за исцелување на духот и телото.

Маркетинг

Таа во исто време била и на нискокалорична диета и практикувала јога, но Реики методата е најзаслужна за нејзиното губење на килограмите бидејќи и помогнала да се дисциплинира и да почне да се прехранува здраво.

„Реики многу лесно се учи“ изјави Кристина, која оваа древната метода ја користи три пати во неделата и со нејзина помош го решава стресот и се релаксира.

Маркетинг

Што е Реики?

Реики е јапонска техника со која се елиминира стресот и се релаксира, но со неа може и да се лекуваат многу болести.

Се заснова на верувањето дека енергијата тече кроз организмот. Ако некој има ниска животна енергија, тој е подлежен за разни болести и на стрес, а ако оваа енергија е на високо ниво, тогаш таквите личности се чувствуваат поздраво и посреќно.

Името Реики потекнува од јапонскиот извор на два кинески карактери кои се користат за да се опише енергијата. „Реи“ значи душа, дух, а „Ки“ значи здив или енергија на животната сила – животна енергија.

Јапонскиот Тендали будист, Микао Усуи ја откри техниката Реики по долга медитација, пост и молитва. Тој запиша дека добил мистично откровение и дека постигнал знаење и спиритуална моќ да ја применува Реики енергијата на луѓето.

Лицата кои практикуваат Реики ја користат техниката на ставање рака на телото и над телото. Спорд нив, оваа техника ја канализира енегијата на универзалниот дух (Ки) или на спиритуалната природа (Реи).

Кроз дланките на лицата кои применуваат Реики се канализира енергија која лечи, а од пациентите се очекува само да легнат и да се опуштат.

Докторите се загрижени кога пациентите кои боледуваат од тешки заболувања ќе изберат Реики како метода за лечење. Според нив станува збор за експлотација на стравот и надежта на луѓето кои боледуваат од тешки болести, кои добиваат само плацебо ефект. Од друга страна и римокатоличката црква смета дека Реики е отварање на вратите кон злите сили и окултизмот.

Но, без разлика на отпорот кон оваа метода, на Запад веќе се имаат појавено неколку техники кои во себе го содржат името Реики (каруна Реики, Тера Маи, Тибетански Реики, СКХМ, Реики Плус и многу други). Ги има преку 30, и нивниот бој секојдневно се зголемува.

Многумина кои го имаат поминато овој процес имаат забележано дека станале поинтуитивни и отворени за суптилни информации кои се пренесуваат на енергетското поле.

За веме на иницијацијата, лицата можат да имаат различни сензации – чувствување на топлина во рацете, пулсирање на енергетските центри, благи морници во телото и слично. Некои имаат јасни визии на бои или на своите водачи. Сето ова е индивидуално.

По иницијацијата, следува период на чистење, бидејќи исцелителната енергија ги подесува вибрациите на енергетското поле и ги подига на повисоко ниво. Токсините, кои до тогаш се таложеле во телото и умот, почнуваат да се ослободуваат. На физичко ниво, се исфрлаат преку органите за лачење. Се избегнуваат луѓето, местата и случувањата за кои знаеме дека негативно влијаат на нас, кое што исто така помага да се ослободиме од негативните емоции.

Прочистувањето може да се манифестира низ симптомите слични на благ грип, промени на расположението без видливи причини, лесна главоболка и слично. Некои на пример имаат искусено подобрување во односот со луѓето или ненадејно решение на некој проблем кој дотогаш ги мачел, а за тоа се немаат нешто посебно интересирано.

Понекогаш симптомите можат да изостанат, но како велат Реики мајсторите, тоа не значи дека прцесот не е во тек. Тие што практикуваат Реики велат дека е важно да се фокусираме и да дозволиме Реики енергијата да не одведе во состојба на биланс и здравје.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button