Пробавме и откривме: оваа течна пудра е идеална за комбинирана и мрсна кожа!
Рецензија на модната блогерка Азизе Демиши за Штипка.
Од позиција на личност што сака да истражува и испробува нови козметички производи и декоративна козметика, би сакала да ги споделам моите впечатоци за пудрата MATT PLUS LIQUID FOUNDATION од брендот за декоративна козметика Seventeen.
Оваа течна пудра навистина многу ми се допадна. Досега ги имам користено и другите пудри од овој бренд и многу сум задоволна од нив, како од покриеноста што ја даваат, така и од нивната трајност, но морам да признаам дека оваа пудра е вистинско изненадување за мене.
Но, да почнам од почеток – најпрво од пакувањето кое што многу ми се допаѓа, особено затоа што е со пумпичка која не дозволува да ви истече премногу пудра на која што нема да знаете што да и правите. Пакувањето е од 30 мл и е направено од квалитетно стакло кое нема да ви се скрши доколку ви се лизне од рацете и ви падне на плочките на подот.
Пудрата е со СПФ 20, нуди средна до висока покриеност, долготрајна е и дава 100 % мат ефект што ја прави совршена за комбинирана и мрсна кожа. Поприлично е течна и брзо се суши па треба брзо да се нанесе. Што се однесува до мене, јас пробав и со сунѓерче за течна пудра и со четка, и мислам дека со четка се нанесува подобро. Добивате подобар ефект и подобра покриеност, додека нанесувањето со сунѓер е подобро за дневна шминка и доколку сакате природен изглед. На почетокот имате полумат финиш кој потоа станува 100 % мат, така што воопшто немате потреба од камена пудра. За мојата кожа е навистина одлична и трае доволно време, но доколку имате мрсна кожа можеби по неколку часа ќе треба да се фиксира со камена пудра.
Покрај оваа пудра, неодамна ги испробав и овие производи од Seventeen, а доколку сакате да ја видите шминката што ја направив со нив, кликнете тука.
Tечната пудра MATT PLUS од Seventeen е достапна во девет нијанси, од кои кај нас во Македонија има само седум. Јас ја пробав најсветлата нијанса (01 beige) која што е во вистинската смисла на зборот неутрална – ни премногу жолта, ни премногу розова. Но, доколку имате навистина светол тен, можеби и оваа нијанса ќе биде темна за вас.
Благодарение на една локална парфимерија, ги сликав и останатите нијанси, па овде ќе ги споделам со вас, за да видите за што точно станува збор.
На сликата подолу можете да забележите една моја шминка во која ја користам оваа течна пудра, како и уште неколку други производи од овој бренд, од кои сум исто така презадоволна. Ако подобро ја погледнете фотографијата можете да забележите и дека немам баш чисто лице, но доволно ми беше и само еден слој од пудрата за да добијам одлична покриеност.
Заклучок
Одлична пудра со одлична цена! Ја препорачувам на сите девојки со комбинирана/мрсна кожа за совршена покриеност и долготраен мат ефект. Инаку, пудрата може да се најде во сите парфимерии каде што се продава Seventeen козметика по многу пристапна цена од околу 600 денари.
Во секој случај добивате многу повеќе од цената што ќе ја платите!
Азизе Демиши
Мојот блог можете да го следите тука »