Тажни зборови на македонските Гранд ѕвезди со кои се збогуваат од Поповиќ – пораки од кои боли душа!
Македонските Гранд ѕвезди скршени од болка се огласија со тажни пораки на социјалните мрежи

Саша Поповиќ за време на својата кариера долга преку четири децении има помогнато на бројни пејачки да станат познати, а го создаде и еден од најгледаните проекти на овие простори, музичкото талент-шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Од креативниот директор Саша Поповиќ и основачот на „Гранд“ се збогуваа и многу наши познати музичари.
Веста за неговата смрт растажи многумина, а бројни пејачки од целиот регион се збогуваат од креативниот директор и човекот кој ја пишуваше историјата на телевизијата на Балканот.
Меѓу нив и македонските Гранд ѕвезди кои споделија фотографии со него и му се заблагодарија на се што има направено за нив.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Една од нив е и пејачката Андријана Петрушовска, која објави заедничка фотографија со директорот на Гранд.
Принтскрин/ Инстаграм
„Сале ….пред финалето… ми кажа да бидам горда на тоа како пристапувам кон работата и дека верува во мене! Човек – Магија. Чест и привилегија е да се живее во ерата на Саша Поповиќ! Благодарна за сé, драг директоре“, напиша Андријана на Инстаграм под заедничката фотографија па додаде и дека нема никогаш во нејзиниот живот да биде забoравен и се збогуваше од него.
Принтскрин/ Инстаграм
Со емотивна објава се збогуваше и македонскиот пејач Ален Хасановиќ кој исто така сподели црно-бела фотографија од Поповиќ.
„Сале ред сé беше еден прекрасен човек и голем професионалец во својата работа. Човек кој на многу млади луѓе им помогна и им ги оствари соништата. Ти се заблагодарувам на се што направи за нас, да станеме она што сонувавме, што ни овозможи да работиме, да создаваме и убаво да живееме од оваа работа, а заслугата тебе ти припаѓа. Почивај во мир и пронајди го својот пат во Божествениот мир“, напиша Хасановиќ на својот профил на Инстаграм.
Принтскрин/ Инстаграм
Од големиот телевизиски маг се збогуваше и победничката Славица Ангелова, како и велешанецот Мики Секуловски, па дури и нивниот колега Александар Темелков кој од шоуто си замина разочаран.
Принтскрин/ Инстаграм
Откажано емитувањето на „Ѕвездите на Гранд“
Потсетуваме, основачот на „Гранд“ продукција и креативен директор, почина на 1 март во 70- година од животот, по кратка и тешка болест.
Принтскрин/ Инстаграм
Естрадниот маг последните неколку месеци се лечеше на клиника во Франција, каде последните денови ги помина со семејството.
Принтскрин/ Инстаграм
Поповиќ за време на својата кариера долга преку четири децении има помогнато на бројни пејачки да станат познати, а го создаде и еден од најгледаните проекти на овие простори, шоуто „Ѕвездите на Гранд“.
Принтскрин/ Инстаграм
Тој во овогодишната сезона не се појави заради здравствената состојба, а на негово место дојде водителот Војо Недељковиќ.
Но и покрај тоа што не беше физички присутен, Поповиќ беше упатен во сите случувања и неговиот збор беше последен.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Поради неговата смрт новата епизода од „Ѕвездите на Гранд“ нема да се емитува, а се откажани и сите снимања за следната недела.