Тажната животна приказна на нашата фолк-пејачка – трагедијата што и се случи ќе ви ги насолзи очите
И носејќи се со огромната болка по страшната трагедијата што го одбележа нејзиниот живот засекогаш, Благица денес е синоним за цврстина и истрајност.
И покрај огромната болка што и денес ја чувствува по големата загуба во животот, таа успева достоинствено да се носи со тагата.
Нашата позната фолк-пејачка Благица Калева помина низ најтешкиот период во животот откако пред повеќе од две децении во сообраќајна несреќа ги загуби ќерката Викторија и сопругот Костадин.
Но и покрај огромната загуба Благица успеа да остане силна и да продолжи да се занимава со својата професија до ден-денешен.
Фејсбук/ Благица Калева
И носејќи се со огромната болка по страшната трагедијата што го одбележа нејзиниот живот засекогаш, Благица денес е синоним за цврстина и истрајност.
Таа две години по несреќата која и остави голема лузна во животот, на „Фолк-фест Валандово“ во 2004 ја испеа „За моите очи четири“, песна со која се врати на музичката сцена, но и победи на фестивалот.
Благица во оваа песна пееше за својата ќерка и сопругот, а победи и во 2018 година на истиот фестивал со песната „Горда мајка“ која и ја посвети на својата втора ќерка Марија.
Фејсбук/ Благица Калева
По страшната сообраќајна несреќа што се случи во 2002 година, а во која и самата пејачка беше повредена, Благица сепак успеа да смогне сили и да и’ се врати на музиката, за која како што самата вели, и помогнала да се соочи со преголемата загуба и да застане на нозе.
Благица со својата ќерка Марија
Принтскрин/ Јутуб
Таа настапува и денес, па со песна на многумина им го разубавува денот, секога истакнувајќи дека пеењето е дел од неа, нешто што најдобро го умее во животот, непшто заради кое и денес е она што била отсекогаш.
А како Благица изгледа денес, но и како звучат песните со кои оваа наша позната фолк-пејачка на многумина им ги има насолзено очите, погледнете во продолжение…
Фејсбук/ Благица Калева
Фејсбук/ Благица Калева
Фејсбук/ Благица Калева
Фејсбук/ Благица Калева