Реклама
ВестиНаши ѕвезди

Тажната порака на сестрата на Фросина Кулакова што одекнува како ехо со болка што треба да не освести

Ехо кое кине душа и боли, но и кое треба да не разбуди од овој кошмар во кој царува неодговорноста

Реклама

Емотивна порака што кине душа, но и предизвикува гнев кај многумина заради несовесноста на поединци…

Се огласи сестрата на починатата Фросина Кулакова која почина на 29 јануари кога беше прегазена на пешачки премин.

Нејзината сестра Росица сега се огласи на Фејсбук споделувајќи вест за уште една млада девојка која што беше прегазена од несовесен возач. Како што објавија вчера медиумите, на улицата „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје возило со скопски регистарски таблички, а управувано од лице од Гостивар, удрило во 25 годишна девојка од Битола. По направениот увид од страна на полицијата било утврдено е дека лицето што го управувало возилото било под дејство на алкохол, па веднаш било лишено од слобода, додека повредената девојка со тешки телесни повреди била пренесена во Клинички центар „Мајка Тереза“.

Оваа вест ја сподели сестрата на Фросина, Росица Кулакова, а истата ја објави со траорни зборови кои никого не оставија рамнодушен.

Маркетинг

„До кога ќе не газите?! До кога од улиците ќе правите гробишта? До кога ќе броиме жртви, ќе палиме свеќи, ќе плачеме над изгаснатите младости?“ се прашува Росица скршена од болка заради смртта на својата сестра, па продолжи со својата објава запрашувајќи се уште колку жртви се потребни за нешто да се промени во нашата држава, но и изразувајќи поддршка за девојчето што е повредено.

Маркетинг
Фејсбук/ Фросина и Росица Кулакова

„Се уште одекнува болката од загубата на мојата сестра… а синоќа уште една жртва. Колку уште? Колку животи треба да бидат згаснати или засекогаш променети конечно нешто да се промени? Ова не е судбина. Ова не е несреќа. Ова е беззаконие, немарност, некултура што убива! Колку уште крв треба да се пролее пред да кажеме ДОСТА Е?!“ пишува Фросина во својата објава на Фејсбук.

Фејсбук/ Росица Кулакова

„Со лесно на повреденото девојче, нека закрепне што побрзо“, напиша Росица на својот профил на социјалните мрежи.

Фејсбук/ Росица Кулакова

Потсетуваме, Росица само неколку дена претходно објави фотографија од својата сестра Фросина, но и со потресна порака.

„Моја Дади, до денот кога повторно ќе се сретнеме, ти ветувам дека твојата светлина ќе ја носам во себе. Мојата бескрајна љубов кон тебе останува несогорлив пламен – светилник што ниедна разделба не може да го згасне. До видување, Фроси“, напиша Росица во тажната порака што ја започна со зборовите „Тивкото ехо на мојата Секица Мекица“.

Целата објава на Росица во продолжение…

Фејсбук/ Росица Кулакова

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button