MAMAКафе муабет

Уживам во она што ми го дава Бог, но тажна сум зашто ми те зеде прерано

Advertisement

Деновите минуваат, многу работи се случуваат и ме прават среќна. Успевам да уживам во деталите, да го зграпчам секој нов миг и да го живеам со полн здив. Но во скриено место во моето срце имам една празнина, а кога ќе се сетам на неа, душата одново ми се распарчува…

ФОТО: pediacare.com

Се радувам и се смеам на моите животни потфати, но среќата не е комплетна кога ја немам твојата прегратка.

Advertisement

Уживам во сето она што ми го подари Бог, но тажна сум зашто ми те зеде прерано.

Среќна сум што имам дом и удобен кревет, но ми фалиш ти за куќата да биде топла, онаква каква што беше во моето детство, кога ми раскажуваше дека семејството е богато кога сите се заедно.

Имам полна трпеза со јадење, но твоето место на масата е празно… Имам милион причини за радување, но бездната која ми ја остави кога си замина, знае да ми ја краде насмевката.

Advertisement

Ми фалиш за да ме утешиш, да ме прегрнеш, да ја држиш цврсто земјата на која чекорам, да ми бидеш мотивација, инспирација и ѕвезда водилка.

Ми фали татко, ми фали херој, ми фали идеал.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button