Тажна порака на нашиот познат пејач – Ламбе сподели фотографија со мајка му која почина многу млада
Пејачот на социјалните мрежи сподели фотографија од својата мајка која почина многу млада

Познатиот пејач се потсети на својата покојна мајка
Познатиот македонски пејач Ламбе Алабаковски со емотивна порака се потсети ан својата покојна мајка.
На социјалните мрежи, со црно-бела фотографија, Ламбе се потсети на неа и ги напиша следниве тажни зборови:
Фејсбук/ Ламбе Алабаковски
„Среќен Небесен роденден Мама, 1964-2006“, напиша пејачот во описот на фотографијата на која е неговата мајка.
Пејачот со својата скромна и емотивна објава ги погоди сите, посетувајќи ги на неговата мајка која почина многу млада.
Фејсбук/ Ламбе Алабаковски
Потсетуваме, Ламбе се прослави со победата во музичкото шоу Плеј – потрага по ѕвезди што се случи во 2004 година.
Фејсбук/ Ламбе Алабаковски
Тој тогаш имаше само 16 години, а две години подоцна, во мај 2006 година, почина неговата мајка Маријана.
Ламбе тогаш имаше 18 години и лошата вест ја прими во Атина, каде беше дел од евровизиската екипа на Елена Ристеска.
Фејсбук/ Ламбе Алабаковски
Ламбе т0гаш беше на врвот од својата популарност, а неколку години подоцна со сопругата Магдалена, со која има две деца, Михаил и Димитриј, популарниот пејач реши да замине во Америка.
Ламбе и Магдалена се заколнаа на вечна љубов во 2013 година, откако пејачот ја запроси на празникот Голема Богородица, пред манастирот Свети Јован Бигорски, што тогаш беше големо изненадување за сите.
Неколку години подоцна, односно во 2022 година, Ламбе се врати во својата родна земја и продолжи со својата кариера.