Огласи
Наши ѕвезди

Тажна објава на сопругата на Андреј од ДНК – објави фотографија од пејачот и нивната ќерка

„Ангелски глас како тато...“

advertisement
advert

Сопругата на Андреј Ѓорѓиески, вокалистот на „ДНК“ кој загина во пожарот во Кочани, сподели тажна објава.

Таа на својот Инстаграм сподели снимка од едно заедничко летување на која се гледа како Андреј си игра со ќеркичката.

Имено, Наталија Ѓорѓиеска, вдовицата на трагично загинатиот вокалист на „ДНК“, оваа објава ја сподели на својот Инстаграм само неколку дена откако својот сопруг го испрати во вечното почивалиште.

реклама

Таа а Инстаграм сподели еден спомен од нивно заедничко летување – снимка на која се гледа како Андреј ја држи нивната наследничка во рацете и заедно се бањаат во водата, а неговата ќеркичка ужива во дружбата.

Принтскрин/ Инстаграм

„Ангелски глас како тато… Уште поискрен… Славеј“ напиша Наталија по објавата на која е нејзината ќерка и нејзиниот сопруг.

Марpкетинг

Принтскрин/ Инстаграм

Потсетуваме, Андреј го изгуби животот во страшниот пожар што се случи за време на концертот на ДНК во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Принтскрин/ Инстаграм

Кога изби пожарот, Андреј иако успеал да излезе од дискотеката, се вратил за да им помогне на останатите млади.

Но овој негов храбар потег беше кобен за него, па животот на Андреј згасна заедно со уште седум членови од неговиот бенд.

Принтскрин/ Инстаграм

Во страшната несреќа загинаа 59 лица, од кои шестмина се малолетници, а има и голем број повредени кои се уште се во болница.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button