Наши ѕвезди

Тажна објава на Лила што сите ги растажи – познатата водителка објави стара снимка со Андреј од ДНК

„Нити можеме да не жалиме нити труби да викнеме. До ништо не ни е Андреј...“

Advertisement

Непребол и неверување….

Познатата водителка Лила Филиповска скршена од болка по несреќата што ја завеа во црно цела Македонија сподели тажна порака.

Advertisement

Имено, Лила се потсети на една нејзина емисија снимена пред неколку години во која гостуваше нејзиниот пријател Андреј Ѓорѓиески, еден од фронтмените во групата ДНК, кој загина во страшниот пожар во Кочани.

Водителката скршена од болка и се уште во шок од она што се случи, со снимката се потсети на својот пријател, но сподели и неколку емотивни зборови кои ја опишуваат големата тага што ја чувствува.

„Нити можеме да не жалиме нити труби да викнеме. До ништо не ни е Андреј💔 Како да не жалиме по едно убаво, културно насмеано дете полно со љубов за сите, љубов која несебично ја делеше каде и да одеше, напиша Лила во описот на снимката што ја сподели на Инстаграм, па го додаде и следново:

Advertisement

Инстаграм/ Лила Филиповска

„И да, ветувам дека веќе нема да патетизирам … уште ова скратено видео како уште еден доказ каков ЧОВЕК беше ти, напиша Лила и додаде неколку скршени срциња, па се обрати со следниве зборови:

„Пеј со ангелите а ние ќе ги пееме твоите хитови и ќе дигнеме глава нагоре затоа што знаеме дека не чуваш од горе“.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Целото видео од емисијата на Лила во која и гостуваше Андреј од ДНК може да ја погледнете во продолжение…

Потсетуваме, во страшната несреќа што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 59 лица од кои осум члена на групата „ДНК“.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Цела Македонија е во шок и болка по несреќата, а од загинатите се уште се збогуваат и бројни познати личности.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Меѓу нив е и водителката на Сити радио, Сања Стојковска која исто така сподели тажна порака, но и неколку зборови на надеж кои ни се потребни на сите во траорните моменти низ кои што минуваме (види тука).

Инстаграм/ Андреј ДНК

Тажна порака објави и сопругата на Андреј, Наталија, а нејзините зборови растажија и расплакаа многумина.

Инстаграм/ Наталија Ѓорѓиеска

Таа сподели и снимка на која Андреј е со неговата ќеркичка, спомени од нивен заеднички одмор што никогаш нема да го заборават…

Инстаграм/ Наталија Ѓорѓиеска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button