Наши ѕвезди

Тажна глетка на профилот на сопругата на Панчо – фотографијата ја замени со темна позадина

Погребот помина, останува само болка и празнина

Advertisement

Тажен ден за цела Македонија

Владимир Блажев-Панчо беше погребан вчера на гробиштата во Бутел во Скопје, а на погребот имаше голем број луѓе.

Advertisement

Како што пренесуваат медиумите, комбето што било до капелата целосно било покриено со цвеќиња и плишани мечиња, а неговите најблиски скршени од болка, заедно со пријателите и фановите го испратија во вечното почивалиште, по опелото кое се одржа во црквата Свети Илија во населбата Аеродром во Скопје.

Принтскрин/ Фејсбук

Животот на Панчо згасна на 46 години, а музичарот зад себе ја остави неутешна сопругата Маја и нивните два сина.

Advertisement

По погребот неговата сопруга ја избриша профилната фотографија на Фејсбук и на нивното место, стави црна позадина.

Принтскрин/ Фејсбук

Зад себе остави неутешно семејство

Маја по тажната вест се огласи и сподели траорна порака со која се збогуваше од Панчо, а по погребот стави црна позадина.

Принтскрин/ Фејсбук

Инаку, својот профил на социјалните мрежи го има крстено и со имињата на нивните две деца, Андреја и Марјан.

Маја и Панчо се венчаа во 2013 година во октомври, кога Андреја имаше две години, а по две години се роди и Марјан.

Принтскрин/ Јутуб, ДНК – Животе брате

Почина по седум месеци борба

Потсетуваме, Панчо се здоби со тешки повреди за време на пожарот што се случи во ноќниот-клуб „Пулс“ во Кочани.

Тој тогаш беше на сцената кога избувна пожарот и заедно со неговите колеги имаше концерт на неговиот бенд „ДНК“.

Принтскрин/ Јутуб, ДНК – Животе брате

Панчо беше 63-та жртва на страшната несреќа, а во пожарот настрадаа уште седум колеги и соработници од бендот ДНК. Во пожарот почина и Андреј Ѓорѓиески, пејачот со кого Панчо задно го основаше бендот, а кој исто така зад себе остави сопруга и една ќерка.

Покрај нив, во страшниот пожар што се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани згаснаа 63 млади животи, меѓу кои и осум музичари кои настапуваа со музичката група „ДНК“. Покрај Панчо и Андреј, кој седум месеци по несреќата им подлегна на повредите, меѓу настраданите се и младиот тапанар од Струмица, Ѓорѓи Ѓоргиев, потоа клавијатуристот на бендот, Филип Стевановски, професорката по пијано Сара Пројковска која беше придружен вокал во ДНК, но и на многу други бендови, потоа гитаристот Александар Коларов, тон-мајсторот на ДНК, Игор Велков, како и битбоксерот Мартин Атанасовски попознат како Мартин Буцо кој исто така беше дел од екипата на ДНК.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button