Тажна фотографија со младиот музичар од ДНК што загина и неговата девојка – спомени што не се забораваат
Поминаа четири месеци од страшната несреќа

„Мојот ангел чувар“, пишува во последната објава на оваа девојка.
Поминаа цели четири месеци од траорната несреќа што се случи на 16 март во Кочани и која зацрни многу семејства.
Во страшниот пожар што кобната вечер ја зафати дискотеката „Пулс“ настрадаа 62 лица, а околу 200 други беа повредени.
Приватна архива
Еден од настраданите беше и младиот тапанар од Струмица, Ѓорѓи Ѓорѓиев чиј живот згасна со уште седум други членови од бендот ДНК.
Тие тогаш настапуваа во полната дискотека, која се случи пожарот и за само неколку минути го пеплоса целиот простор.
Приватна архива
Ѓорѓе беше млад и успешен музичар од Струмица, а пред да започне со ДНK има настапувано со ногу други музичари.
Приватна архива
Имено, Ѓорѓи со тапанот започна од своја 12 годишна возраст, а пред ДНК има соработувано со групата Модус и Благица Калева. И како што вели неговата мајка Зорица, Ѓорѓи живееше за музиката и таа му беше голема љубов која го правеше секогаш среќен и позитивен.
Приватна архива
Но покрај љубовта кон музиката, Ѓорѓи имаше уште една голема љубов за која живееше, а тоа беше неговата девојка.
Тие долго време беа заедно и тој едноставно живееше за неа, но за жал неговата прерана смрт спречи да останат заедно.
Приватна архива
Станува збор за Цветанка Ф., млада девојка на која на Фејсбук се уште и стои нивната заедничка фотографија со зборовите:
„Мојот ангел чувар“.
Принтскрин/ Фејсбук
Цветанка фотографијата ја објави неколку дена по смртта на нејзиниот сакан, а оние што ги познаваа велат многу се сакаа.
Приватна архива
Таа тогаш на својата профилна слика објави и црна позадина, без никаков опис, но која означува дека е во жалост.
Приватна архива
Ѓорѓи и Цветанка долго време беа заедно, а оваа нејзина фотографија се уште стои на нејзиниот Фејсбук профил.
Потсетуваме, во несреќата што се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 62 млади лица.
Приватна архива
Покрај Ѓорѓиев кој беше вработен во Основното музичко училиште „Боро Џони“, од бендот ДНК загинаа уште седум члена.
Имено, во страшната несреќа во загина и Андреј Ѓорѓиески, пејачот и еден од основачите на ДНК, кој се вратил за да им помогне на останати, но за жал повеќе никога не излезе од дискотеката.
Приватна архива
Покрај Андреј и Ѓорѓи од вкупно 62 жртви меѓу настраданите се уште пет други лица од екипата на групата ДНК – клавијатуристот Филип Стефановски, гитаристот Александар Коларов, тонецот Игор Велков, фотографот Александар Ефремов, битбоксерот Мартин Атанасовски како и придружниот вокал и самохраната мајка Сара Пројковска.
Пејачот на ДНК Владимир Блаже-Панчо, ја преживеа несреќата, но се уште се наоѓа на лекување во болница.