Тажна фотографија на Лила што многумина ќе расплаче – емотивната објава никого не остави рамнодушен
Познатата водителка сподели една стара фотографија на која е со Андреј и Панчо од ДНК

„Остануваат само спомени“, пишуваат во коментарите, истовремено посакувајќи му на Панчо што поскоро да оздрави
Многу наши познати лица беа добри пријатели со членовите на групата ДНК од кои осуммина загинаа во несреќата во Кочани, па тие сега често споделуваат заеднички фотографии сеќавајќи се на нив.
Овие денови тоа го направи водителката Лила Филиповска која сподели фотографија со кои предизвика посебни емоции.
Принтскрин/ Јутуб
Имено, Лила на својот профил сподели една стара фотографија од пред девет години што сега случајно и се појавила на Фејсбук.
На фотографијата таа е со Андреј Ѓорѓиески и Владимир Блажев-Панчо, а истата е направена по повод нивниот тогаш нов албум.
„Другари засекогаш“, напиша Лила во описот на фотографијата која за прв пат на Фејсбук ја споделила пред точно девет години.
Принтскрин/ Јутуб
Инаку, Лила скршена од болка и по несреќата сподели една нејзина емисија од пред неколку години во која гостуваше Андреј.
Водителката тогаш се уште во шок од она што се случи, напиша емотивна порака (повеќе за ова прочитајте тука) и сподели една снимка со која само сакаше да покаже каков беше Андреј и човек изгубивме.
Принтскрин/ Јутуб
Целото видео од емисијата на Лила во која и гостуваше Андреј од ДНК може да ја погледнете на крајот од овој текст.
Потсетуваме, како што објавија медиумите деновиве, здравствената состојба на Владимир Блажев-Панчо се подобрува.
Панчо, младиот гитарист и пејач Горан Танев и придружниот вокал Ана Костадиновска се единствените членови на групата ДНК кои се спасија кобната ноќ.
Принтскрин/ Јутуб
Во кобната ноќ згаснаа животите на 62 лица, од кои претежно на млади луѓе, а голем број се уште се на болничко лекување.
Покрај Андреј кој можел да се спаси, но се вратил повторно во дискотеката за да им помогне на другите, и за жал, потоа не успеа повторно да излезе, во несреќата починаа уште седум членови и соработници на групата „ДНК“ –тапанарот Ѓорги Горгиев, клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, фотографот Александар Ефремов, придружниот вокал Сара Пројковска, тон-мајсторот Игор Велков и битбоксерот Мартин Атанасовски.