Тажна глетка на профилот на Фејсбук на мајката на 22-годишната Фросина што загина во Скопје (фото)
Почивај во мир, мила наша, мила да си при Бога, Фросичне, напиша на Фејсбук таткото скршен од болка
Не стивнува револтот на граѓаните по страшната сообраќајна несреќа што се случи во Скопје, а во која беше прегазена младата девојка.
По трагедијата во која загина младата дизајнерка Фросина Кулакова (22) од Неготино, нејзината мајка на социјалната мрежа Фејсбук ја избриша својата профилна слика и стави темна позадина.
Фросина загина на лице место откако во неа со автомобил удри Васил Јованов и тоа додека жртвата минувала на пешачки премин.
Инстаграм/ Фросина Кулакова
Осомничениот возел без дозвола и под дејство на алкохол, а заради оваа страшна несреќа граѓаните денес се собраа на протести како во Скопје, така и во Неготино, палејќи свеќи пред сликата на загинатата девојка и изразувајќи сочувство до ужаленото семејство.
Принтскрин/ Фејсбук
Нејзината мајка по несреќата сподели неколку постови и ја избриша својата слика и на нејзино место стави темна позадина.
Принтскрин/ Фејсбук
Под оваа нејзина објава нејзините пријатели, но и граѓани од цела Македонија изразија сочувство до ужаленото семејство.
Принтскрин/ Фејсбук
Од друга страна на профилот на таткото , Тодор Кулаков, осамна тажна објава во која се известува за погребот, но и во која скршен од болка, со емотивни зборови се обрати до своето чедо.
„Почивај во мир, мила наша, мила да си при Бога, Фросичне“, пишува во објавата што ја сподели таткото на Фросина.
Инстаграм/ Фросина Кулакова
Потсетуваме, 22-годишната Фросина Кулакова загина откако во неа удри со автомобил несовесен возач и тоа на одбележан пешачки премин. Од силината на ударот младата девојка се здобила со тешки телесни повреди од кои починала на лице место, а смртта ја констатирал лекарот од Итната медицинска помош.
Инстаграм/ Фросина Кулакова
На местото на несреќата бил извршен увид од страна на увидна екипа и јавниот обвинител, по што телото на починатата било дадено на обдукција, додека несовесниот возач бил лишен од слобода.
Како што објави Јавното обвинителство, возачот кој ја усмрти Фросина возел под дејство на алкохол, немал возачка дозвола и со огромна брзина поминал на црвено светло и ја покосил девојката на пешачки премин.
Нему му е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена и ова не му е прво дело иако станува збор за младо 20 годишно лице.
Повеќе за ова прочитајте тука >>