CelebrityНаши ѕвезди

Тату артистот Горан Миќиќ откри дека го победил ракот – „Не знаеш што ти носи животот…“ (Фото)

Advertisement

Еден од најпознатите тату артисти во Македонија, Горан Миќиќ, откри дека во тишина минувал низ борба со рак на тироидната жлезда.

Веста ја сподели на Инстаграм, објавувајќи серија фотографии од Грција, меѓу кои и една снимена во болница во Атина.

Advertisement

Во емотивната објава, Миќиќ напиша дека конечно е ослободен од болеста, додавајќи дека не сака сожалување, туку неговата приказна да послужи како поддршка за оние кои се соочуваат со истата дијагноза. Нагласи дека сака да помогне со совет или насока каде да се обратат лицата што се борат со рак на тироидната жлезда.

„Животот не знаеш што ти носи, затоа сакајте ги и почитувајте ги најблиските околу вас. Ослободен од рак. Ова го споделувам за да му помогнам на некој што има потреба“, напиша тој и им се заблагодари на сопругата, Перо Антиќ, психологот Ивана Хаџиванова и уште еден близок пријател за поддршката.

Во останатите фотографии се гледаат медицински извештаи, ехо снимки, моменти од болнички кревет, но и прошетки на сонце со сопругата, снимени за време на опоравувањето.

Во коментарите под објавата, пријателите и поддржувачите му посакуваат брзо закрепнување и сила по преживеаната битка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goran Micic (@goranmicic_mg)

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button