Наши ѕвезди

Таткото на еден од загинатите музичари од ДНК сподели емотивно видео – во спомен на еден ангел

Ангелот на тато, напиша родителот на еден од загинатите музичари под снимката што ја сподели

Advertisement

Непребол…

Поминаа пет месеци од големата трагедија што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани која цела држава завеа во црно.

Advertisement

Бројни семејства останаа без своите најмили, а на социјалните мрежи и денес многу од нив споделуваат снимки и фотографии од оние што повеќе не се со нас, присеќавајќи се на нив и на нивните заеднички моменти од минатото.

Принтскрин/ Фејсбук

Болката е преголема и не се опишува со зборови, а Кочани уште долго време ќе биде град без радости, место кое од секој агол зрачат спомени на оние чии младешки животи згаснаа во страшната несреќа.

Advertisement

Пожарот се случи за време на концертот на ДНК и меѓу жртвите беа и осум млади лица од тимот на бендот.

Принтскрин/ Фејсбук

Еден од нив е и младиот тапанар од Струмица, Џоко Ѓоргиев, кој иако имаше само 23 години, остави голем белег во музичкиот свет, посебно во неговиот роден крај каде беше омилен меѓу колегите.

Во негова чест неодамна во Струмица на еден настан настапија во живо 12 тапани, а меѓу нив и неговиот помлад брат, Димитар.

Овој емотивен настап на бендот со кој Џоко некогаш настапуваше на истиот фестивал никого не оставија рамнодушен.

Снимка од настапот сподели и таткото на Џоко, Драги, кој на социјалните мрежи редовно споделува фотографии и снимки од својот син од кои може да видиме каков талент беше младиот музичар чиј живот згасна во страшната несреќа во Кочани.

Некои од овие снимки погледнете во продолжение…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button