Татко со Даунов синдром што го воодушеви целиот свет – неговиот син е доктор, му беше најголема поддршка
Тој во мојот живот ми беше најголема поддршка и секогаш беше тука кога ми беше најпотребно
Приказна што ги воодушеви сите
Младото момче од Сирија, Садер Иса, има 21 година сака да плива и да вежба во теретана, а студира стоматологија.
Неговата приказна привлече големо внимание кога тој откри дека има родител кој боледуваат од аутизам.
Како што самиот истакнува, тој е горд на својот татко и никогаш ништо не би променил во неговиот живот, бидејќи токму благодарение на својот татко станал човек каков што е денес.
Садер своето детство го поминал исполнет со многу љубов и нежност кој што ја добивал од него, а неговиот татко успеал да му обезбеди сé за тој да не се чувствува поинаков од останатите.
Како што пренесуваат медиумите, таткото на Садер, Јад Иса, работи во млин во близина на нивниот дом.
Неговиот син често му помага во работата, а луѓето го почитуваа и кон него се однесуваат како кон било кој друг.
Тој својот син го воспитал на најдобар можен начин, па сега се гордее со него и на сите им кажува дека ќе стане доктор.
„И јас се гордеам со својот татко. Тој во мојот живот ми беше најголема поддршка и секогаш беше тука кога ми беше најпотребно“, вели Садер за својот татко.