Татко скршен од болка зборува за несреќата во Кочани – Газдите само пари у џебот, пусти пари проклети!
„Едно дете имав, загина. Што да правам?!“, вели таткото на 21-годишниот Томче што загина во пожарот

„Газдите само пари у џебот, пусти пари проклети“
Татко на загинато дете што било на концертот на ДНК во дискотеката во Кочани со солзи на очите зборува пред камерите.
Драги Стојанов скршен од болка заради страшната трагедија реши да зборува пред камерите за несреќата што се случи.
„Едно дете имав, загина. Што да правам“, вели тој во видеото.
„И нивните да ги нема, И они да страдаат како јас што страдам“, додава човекот на кого 21-годишниот син му загина во несреќата.
Целото видео погледнете ги во продолжение…
Најмладата жртва на возраст од 14 години
Потсетуваме, во пожарот што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа преку 50 лица, сите од 14 до 24 години.
Принтскрин/ ТикТок
Ова го изјави директорката на болницата во Кочани, Кристина Серафимова, која појасни дека загинатите се од Скопје, Штип, Пробиштип и Кочани, но и од околните места.
Според првичните информации што ги објавија медиумите, до несреќата дошло откако пиротехничките средства што се користеле за осветлување и сценски ефекти на концертот го запалиле таванот, по што пожарот се прошири и го пеплоса целиот клуб.
Принтскрин/ ТикТок
18 лица во критична состојба
Според изјавата на Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски бројот, на починати во пожарот до овој момент е 51 лице, но според за сега неофицијални податоци, оваа бројка би можела и да расте.
„Повредени се над 100 лица, кои се префрлени во болниците во Кочани, Штип и Скопје“ изјави министерот на првата прес-конференција по повод на страшната несреќа што ја зави цела Македонија во црно.
Принтскрин/ ТикТок
Но според последните информации, во моментов во болниците низ државата има хоспитализирано 152 пациенти.
„18 од овие лица се во критична состојба“, изјавија од Министерството за здравство за медиумите.
@trtbalkanbhsc Najmanje 50 osoba poginulo je u požaru koji je izbio noćas u diskoteci u Sjevernoj Makedoniji, prema informacijama Ministarstva unutrašnjih poslova. Požar je izbio u noćnom klubu u Kočanima, oko 100 kilometara istočno od Skoplja, gdje je prema prvim procjenama 1.500 osoba prisustvovalo koncertu. #pozar #Makedonija #klub #diskoteka #nesreca #fyp #trtbalkanbhsc