Наши ѕвезди

Татко на починатиот музичар од ДНК ги фати КРАДЦИТЕ на гробот на својот син – се огласи мајката на Фејсбук

Зборовите на мајката кинат душа

Advertisement

Крадени предмети оставени во негов спомен…

Како што пренесуваат медиумите, две лица се уапсени заради крадење на предмети оставени на гробот на младиот тапанар на ДНК, Ѓорги Ѓоргиев, кој настрада во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Advertisement

Крадците наводно ги фатил таткото на почнатиот музичар, а потоа реагираше и Министерството за внатрешни работи.

Фото: Фејсбук/ Ѓорги Ѓоргиев

Сепак, заради вредноста на украдените предмети, државата не може да реагира, но затоа може семејството доколку сака да ги гони со приватна тужба, објави порталот „Скопје1“.

Advertisement

„Тато ги фати сине, два дена седеше цел ден да ги чека, ама успеа. Успеа сине како што успеа да ве направи најпристојни деца“, напиша мајката на Ѓорги во нејзиниот коментар на социјалните мрежи.

Како што објави Скопје1, двете лица се од струмичка Баница. Од МВР велат дека постапувале по пријавата од таткото на Ѓорги.

Фејсбук, ДНК

Потсетуваме, во страшниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани згаснаа животите на 61 лице, меѓу кои и на осум музичари кои кобната вечер настапуваа со музичката група „ДНК“.

Меѓу настраданите покрај тапанарот Ѓорги Ѓоргиев се и клавијатуристот на бендот од Штип, Филип Стевановски и еден од фронтмените, вокалистот Андреј Ѓорѓиески.

Фејсбук, ДНК

Тој иако излегол од дискотеката, се вратил по другите и во тој момент се срушил кровот и паднал врз него, по што пејачот загина на лице место.

Фејсбук, ДНК

Настрада и Сара Пројковска која беше придружен вокал во бендот, потоа гитаристот Александар Коларов, тон-мајсторот на ДНК, Игор Велков, како и битбоксерот Мартин Атанасовски попознат како Мартин Буцо кој исто така беше дел од групата ДНК.

Бонус видео

Ако утре ме нема

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button