Секогаш за време на празниците во себе чувствувам една огромна празнина. На секое семејно собирање и прославување, те нема тебе.
Се ближи Божиќ а во мене нешто трепери. Знам дека повторно ќе се собере поширокото семејство и ќе разговараме и ќе се смееме со часови. Но во мене повторно ќе се отвори дупката која стои со години, откако замина ти и никогаш повеќе не се врати.
Секое прославување за мене воедно значи и тага. Никогаш нема да ги заборавам деновите кога топло седевме до огништето и дискутиравме за се’ она што не’ опкружува. Јас поставував прашања, а ти одговараше. Ти беше мојот супер херој кој секогаш умееше да ме разбере и да ми подаде рака. Твојот лик е длабоко врежан во моите мисли. Те носам секаде и секогаш, но посебно ми недостигаш на Божиќната трпеза. Твоето место е празно, исто како и мојата душа. Моето срце не е комплетно. Јас никогаш повеќе нема целосно да ја почувствувам магијата на овие празници, а тоа ужасно ме боли.
Знам дека некаде постоиш и дека внимаваш на мене. Јас го чувствувам тоа. Кога само би можела да викнам на цел глас за да го слушнеш мојот крик кој постојано вели МИ ФАЛИШ ЗА ДА МЕ НАПРАВИШ КОМПЛЕТНА!