Кафе муабет

Мојот татко е мојот ангел-чувар: Ова се најважните животни лекции кои ги научив од него…

Advertisement

kerkatatko2

Биди позитивна дури и во негативни ситуации…

Advertisement

Животот никогаш нема да биде лесен. Еден ден ќе мислиш дека се е супер, нареден ден целиот свет ќе ти се сруши врз глава. Но, тој ме научи дека секогаш морам да одам со исправена глава, затоа што на сите им се случуваат лоши работи и едноставно морам да дадам се од себе да бидам позитивна, затоа што негативноста и мизеријата само ќе ги направат работите уште полоши.

Секогаш помагај им на другите…

Ние сме на оваа земја не само за да се задоволуваме себеси. Мојот татко ми го покажа вистинското значење на тоа да се биде жив, а тоа е да им се помогне на другите. Без оглед на тоа дали да бидам нечие рамо за плачење или да му дадам храна на оној кој нема. Помагањето на другите ќе те направи подобра личност.

Advertisement

Го добиваш она што ќе го дадеш…Ова е една од најдобрите мисли кои татко ми ми ги има кажано затоа што е сосема точно. Кога си мрзлив и резултатите ќе бидат мрзливи, но кога работиш напорно и вложуваш труд за да успееш, тогаш ќе успееш.

Никогаш немој да бидеш со маж кој не те почитува…

Татко ми ме научи многу работи за мажите и за тоа секогаш ќе му бидам благодарна. Почитта е основата врз која се гради секоја врска и ако мажот мисли дека не заслужуваш почит, тогаш тој не те заслужува тебе.

Сакај се себеси…

За искрено да бидеш среќна во животот, мора безусловно да се сакаш себеси. Мораш да си ги сакаш и мааните и доблестите кои ги имаш и мораш да сфатиш дека не си совршена. Мора да се сакаш себеси за да бидеш среќна во овој свет. Мојот татко ме научи на ова и ме воспита како да се сакам себеси.

Мојот татко е светлината на мојот живот. Татичко те сакам многу и фала ти што ме научи на сите овие прекрасни лекции. Немаше да бидам тука денес, ако не беше ти!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button