Мојот татко е мојот ангел-чувар: Ова се најважните животни лекции кои ги научив од него…
Мојот татко е мојот ангел-чувар.
Тој ме заштитувал, ме воспитувал и ми дал се што ми е потребно за да бидам успешна во животот. Но, работите кои останаа со мене во текот на овие години се лекциите кои ги научив од него.
Биди самоуверена…
Татко ми ми покажа дека самоувереноста во тоа што сум и тоа што го правам секогаш ќе прави да се чувствувам добро. Да, не секогаш го добивам тоа што го сакам, но барем знам дека сум дала се од себе и сум била уверена во тоа шт го правам.
Биди независна…
Тој ме потсеќаше дека животот знае да биде тежок, а дека тоа значи дека некогаш ќе морам да се потпрам самата на себе. Ова сознание ми помогна да сфатам како да се пронајдам себеси и да бидам среќна самата со себе. Животот е лудо патување и понекогаш единствената личност покрај вас сте самите вие, па затоа грижете се за себе.
Секогаш биди добра…
Мојот татко е прекрасен човек и ако има една лекција која сметам дека е најдобра, тоа е дека секогаш треба да бидам добра. Тој е човек кој се однесува со луѓето онака како што тој сака другите да се однесуваат со него. Оваа лекција ми помогна да сфатам дека лутината храни лутина и дека тие што ве лутат ве контролираат.
Никогаш не дозволувај маж да те контролира…
Тој ова ми го кажа јасно и гласно. Тој секогаш ме потсеќаше на тоа дека сум силна, паметна и способна да направам се што ќе посакам и тоа можам да го направам сама. Татко ми ми помогна да сфатам каков маж сакам во животот и дека тоа е некој кој ќе ме остави да бидам тоа што сум и ќе ме сака таква каквашто сум.
Учи од грешките…
Татко ми никогаш не беше злопамтило, иако во некои ситуации би било тотално разбирливо. Тоа ме научи дека сите прават грешки, но подобри луѓе стануваат оние кои учат од нив.