CelebrityНаши ѕвезди

Татјана Стојановска со голема животна промена – Водителката во издание кое ретко го гледаме (Видео)

Advertisement

Телевизиската презентерка Татјана Стојановска, која публиката најчесто ја гледа во студио во нејзините препознатливи елегантни комбинации, овојпат ги изненади следбениците со објава во сосема поинакво издание.

Стојановска сподели видео од вежбална, откривајќи дека интензивно работи на промена на животниот стил. Како што вели, последниве месеци сериозно се посветила на вежбањето и вовела поздрави навики во своето секојдневие.

Advertisement

Покрај новиот фитнес-ентузијазам, Татјана неодамна привлече внимание и со гостувањето во подкастот „Естраден лексикон“ на Марио Арангеловски. На прашањето „Колку чини твојот аутфит?“, таа искрено откри дека фустанот што го носела бил купен специјално за снимањето — и тоа по сосема пристапна цена.

„Навистина е едноставен и многу поволен. Имаше попуст, а јас го одбрав овој модел наместо црниот. Чинеше само 1.300 денари“, раскажа водителката, додавајќи дека накитот што го носи на емисиите често е подарок од нејзиниот сопруг, Михаил Китановски.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button