Наши ѕвезди

Татјана пред да стане една од најпознатите водителки изгледаше вака – еве колку се променила

Безвременска убавина, велат многумина за неа

Advertisement

Своевремено беше избрана за „Мис на Македонија“ и од тогаш јавноста речиси не престанува да се интересира за нејзиниот живот.

Татјана Стојановска повеќе од три децении е присутна на нашата јавна сцена, а се уште важи за една од омилените презентерки.

Advertisement

Таа моментално работи како презентер на информативната програма на Канал 5 телевизија, но можеме да ја видиме и како водителка на многу јавни настани на кои секогаш изгледа тип-топ средено од глава до пети.

Принтскрин/ Јутуб, Еден на еден

Но денес малкумина се сеќаваат дека водителката во далечната 1992 година беше избрана за „Мис на Македонија“, а една година подоцна за „Мис Планета“ на изборот за убавина во соседна Бугарија.

Advertisement

Татјана во ноември месец минатата година го прослави својот 50-ти роденден, кога блеска во својот краток свечен фустан.

Инстаграм/ Татјана Стојановска

И како што може да видиме, Татјана во последно време е поприлично активна на социјалните мрежи каде како и бројни нејзини колешки споделува моменти од настаните на кои се појавува или ги води истите, но и од соработки со разни брендови.

Таа исто така одвреме-навреме знае да ги почести фановите и со по некоја фотка од приватниот живот, a бидејќи станува збор за една од нашите најпознати дами, таа секако дека со ова им го привлекува вниманието на нејзините следбеници. И под секоја од овие свои објави добива бројни позитивни коментари за својот прекрасен изглед.

Инстаграм/ Татјана Стојановска

Беше и остана една од најубавите

На нејзиниот Инстаграм можат да се најдат и постари фотографи, па некои од нив погледнете во продолжение.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Татјана Стојановска (@tatjana.stojanovska)

И бидејќи овие нејзини фотографии и денес се достапни на Инстаграм, под нив се уште можат да се прочитаат коментарите во кои многумина го искажуваат она што го мислат за нејзиниот безвременски шарм и убавина.

Инстаграм/ Татјана Стојановска

„Прекрасна си Татјана“, „Убавица“, „Безвременска“, „Една од најубавите жени што постојат“ се само некои од нив.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button