Татјана го покажа сопругот, но и својата безвременска елеганција – овој детаљ сите го коментираат
Беспрекорна дама, фустанот што го избра ги воодушеви сите

Водителката блескаше на свадбата и доби дузина комплименти
Познатата водителка Татјана Стојановска (50) заблеска овој викенд на една свадба на која се појави со својот партнер, Михаил Китановски.
Таа доби бројни позитивни коментари за својот изглед, посебно што во последно време најчесто ја гледаме во деловни изданија.
Инстаграм/ Татјана Стојановска
Но секогаш кога ќе се стокми, Татјана ќе заблеска во полн сјај, а така беше и сега, кога со ова свое издание никого не остави рамнодушен.
Таа за оваа пригода избра преубав црвен фустан со прерамки и спуштени, карирани кратки ракави, со должина до подот.
Инстаграм/ Татјана Стојановска
Елегантниот фустан ги истакна сите облини на убавата водителка која пред неколку месеци зачекори во шестата деценија, а на чиј изглед можат да и завидуваат и многу помлади колешки.
Косата и беше стандардно стилизирана и убава, со нежни локни кои паѓаа преку убавото лице, а целото издание го заокружи со бели салонки со високи потпетици зачинети со металик детали кои совршено се вклопија со малата чантичка и големите обетки.
Инстаграм/ Татјана Стојановска
Татјана за оваа пригода одлучи и за малку посилна шминка, со кармин во страсна црвена боја која потполно беше во чекор со стајлингот.
Инстаграм/ Татјана Стојановска
Потсетуваме, Татјана која во ноември месец ќе го прослави својот 51 роденден, се уште плени со својот природен шарм и убавина.
Таа важи за едно од омилените лица на нашите мали екрани, а во една пригода ја откри и тајната на нејзиниот беспрекорен изглед.
Инстаграм/ Татјана Стојановска
„Иако веќе направив 50 години и секако не е исто како кога имаш 30 или 40 гледам да ги прифатам сите промени на телото и да се носам со нив. Многу ми е поважно да сум среќна и задоволна во животот отколку да се комплексирам за некои недостатоци и промени. Се надевам дека така ќе остане и понатаму. Ова е доба во животот кога многу повеќе даваш акцент на внатрешниот мир, спокој и здравјето отколку на изгледот, но секако и тоа гледам да го одржувам колку што можам“, откри Татјана неодамна во интервју за Гламур магазин.
Целото интервју со Татјана прочитајте го тука.