Тарчуловска во транс, еве зошто толку многу се радува – пристигнуваат честитки, Јохан прв ја изненади
Славеше роденден, сите се прашуваат колку години има

Пејачката во опуштено издание, разиграна и со микрофонт во рацете
Нашата позната фолк-пејачка Соња Тарчуловска на овој посебен ден сподели снимка и покажа како прави џумбуш.
Таа беше со микрофонот во рацете и облечена во свечен бел фустан, па со песна крена цела кафеана на нозе.
Инстаграм/ Соња Тарчуловска
Распеана како никогаш досега, Тарчуловска покажа како ужива и се забавува, а снимката веднаш привлече внимание.
Имено, ова беше посебен ден за пејачката, за што сведочат и останатите објави што ги сподели на Инстаграм.
Инстаграм/ Соња Тарчуловска
Таа славеше роденден, па од најблиските, но и од пријателите и фановите цел ден добиваше преубави честитки.
Инстаграм/ Соња Тарчуловска
Инстаграм/ Соња Тарчуловска
Пејачката ги сподели пораките што ги доби од децата, но и од сопругот Јохан Тарчуловски кој ја изненади со фотка од младоста.
Инстаграм/ Соња Тарчуловска
„Патот беше лесен, но секој плускавец на стапалата ми станаа медал да ги достигнам овие 47 години. Продолжувам понатаму, остварена и како сопруга и како мајка. Ти благодарам Господе за бесценетото мое семејство, среќна 47-ка за мене“, напиша Тарчуловска на социјалните мрежи.
Инстаграм/ Соња Тарчуловска
Потсетуваме, Соња Тарчуловска (Величкова) по потекло е од Пробиштип, а родена е на 19 септември 1978 во Штип.
Инстаграм/ Соња Тарчуловска
Нејзината музичка кариера започна во 1994 година, кога имала само 14 години, а првото ЦД го носи насловот „Весела девојка“.
Таа е во брак со бранителот Јохан Тарчуловски, а круна на нивната љубов се нивните три деца – ќерката Мелани, потоа синот Младен, кој се роди додека Јохан беше во Хаг, и најмалата ќеркичка Јоана.
Инстаграм/ Соња Тарчуловска
Познатата мама ги сподели роденденските честитки што си ги доби и од нив, но и една фотографија од свадбата со Јохан.
View this post on Instagram
Тие оваа година прославија 20 години брак, а што изјави Соња во една пригода за нејзиниот живот со Јохан, откријте тука.